Се разбира, постигнатиот договор за решавање на политичката криза во земјава предизвикал и најголемо внимание кај вас, почитувани.
Министерствата за труд и за земјоделство ќе имаат човек од СДСМ. Мислам дека успешно ќе придонесе за исполнување на барањата на граѓаните и ЕУ за воспоставување независен судски систем и почитување на човековите праваКоментар на читател.
Редовниот Пиле, по текстот на РСЕ - Договорот од Пржино - „разумен компромис“, на четири-пет пати го коментира на нашата веб-страница давајќи свои видувања на точките во него и смета дека Заев си ја потпишал политичката капитулација и од херој ќе станел политички губитник, затоа што „никого не слушаше да не преговара на начин на кој тоа го правеше“.
Потпишан со Конечно се надева на Македонија како една изборна единица, па „конечно да се ослободиме од овие кои мислат дека се гласот на народот. Нека се зашаренее малку Парламентот и од помали партии“, напишал Конечно.
Овој пат не смееме да дозволиме Уставот и законите да ни се менуваат врз основа на договор, односно заговор на лица кои не се дел од институциите на Република Македонија.Коментар на читател.
Надеж, пак, со иронија реагира на тоа дека министерствата за труд и за земјоделство ќе имаат човек од СДСМ: „Мислам дека успешно ќе придонесе за исполнување на барањата на граѓаните и ЕУ за воспоставување независен судски систем и почитување на човековите права“, коментира Надеж.
-Искрен договор или уште една „палома хартија“- е насловот на нашиот осврт на Договорот од Пржино во кој консултираните експерти стравуваат дека институциите ќе бидат блокирани затоа што нашиот закон не предвидува заменици министри со право на вето. Миле од Охрид, се чини, за прв пат се согласува со експертите, па коментирал дека „Овој пат не смееме да дозволиме Уставот и законите да ни се менуваат врз основа на договор, односно заговор на лица кои не се дел од институциите на Република Македонија“.
По информацијата дека и Груевски и Заев и Хан се задоволни од договорот за решавање на кризата, Ситизен од Скопје трагикомичен: „Извонреден резултат, постигнат е фантастичен договор... Јас, пак, размислувам каде уџум да фатам, онака патриотски“. Нема правда смета дека допрва ќе следи разочарувањето кај народот од „овој договор меѓу две политички партии кои и онака одамна се веќе во договор. Во договорот нема ниту збор за многубројните барања на граѓаните за демократизација на земјата и одговорноста на власта“. Според Нема правда, „продолжува приказната за Курто и Мурто и за жал почнува сеопшта евакуација на младото население од оваа квази држава“.