Достапни линкови

Искрен договор или уште една „палома хартија“?


Нашиот закон не предвидува заменици министри со право на вето, па експертите стравуваат дека институциите ќе се блокираат, а договорот за излез од кризата ќе се претвори во уште една „палома хартија“.

Договорот за надминување на политичката криза кој предвидува во неколку министерства да има заменици министри со право на вето, не нуди гаранции дека ќе се постигне избегнување на злоупотреби пред избори, велат експертите. Тие укажуваат дека воспоставувањето на ваква институција е надвор од постојната законска регулатива, а во пракса може да значи блокирање на институциите.

Ако сакате заменик министерот да има право на вето треба законот да се менува. Тоа е системски закон едноставно принципиелно треба да се реши прашањето, а не ад хок. Да не испадне само „палома хартија“ тоа ми е страв.
Борче Давитковски, универзитетски професор.

Профeсор Борче Давитовски од Правниот факултет во Скопје, вели дека ако се оди на такво решение, тогаш целата администрација ќе треба да се менува.

„Ако сакате заменик министерот да има право на вето треба законот да се менува. Тоа е системски закон едноставно принципиелно треба да се реши прашањето, а не ад хок. Да не испадне само „палома хартија“ тоа ми е страв“, вели Давитковски.

Борче Давитковски.
Борче Давитковски.

Политичкиот аналитичар Осман Кадри вели дека договорот во себе има доста непознаници и нејаснооти и е надвор од Уставот, бидејќи министерствата самостојно ги носат одлуките и сами одговараат и пред владата и пред парламентот. Одговорноста треба да се бара преку другите форми кои се институционално воспоставени, вели Кадриу.

Може да биде проблематично околу донесувањето на одлуките и евентуална блокада од страна на замениците кои треба да даваат некоја согласност или мислење или да го употребуваат и правото на вето односно правото на двоен потпис на таквите одлуки.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

„Може да биде проблематично околу донесувањето на одлуките и евентуална блокада од страна на замениците кои треба да даваат некоја согласност или мислење или да го употребуваат и правото на вето односно правото на двоен потпис на таквите одлуки.“

Кадруи смета дека за Македонија најдобра варијанта е да се определи бројот на министерствата кои ќе ги имаат конкретните политички партии, а после нивното работење да го следи парламентот и владата.

Според Законот за државна управа од 2000 година, заменикот министер го работи она за што министерот ќе му даде овластување. Тоа е системски закон донесен со дво- третинско мнозинство и прашањето треба да се реши принципиелно, дополнува Давитковски.

„Тоа е надвор од нашиот систем. Ние имаме монотипна управа каде министерот одговара за се. Тоа треба законот за државна управа со дво-третинско мнозинство да се менува и тоа ако се прави не може само за четири заменици министри, тоа значи за сите.“

Договорот кој го потпишаа лидерите на четирите партии со посредство на еврокомесарот Хан предвидува СДСМ на 20 октомври да ги постави своите министерски кадри во МВР и труд и социјала. На истиот датум треба да бидат именувани и заменици од СДСМ во финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе добие свои заменици во МВР и труд и социјала. Замениците, како што се предвидува во документот, ќе имаат полно право на преглед и вето во нивните министерства во сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG