Достапни линкови

Антикорупционерите побегнаа од прашања за „бомбите“


Архивска фотографија: Претседателот на Државната комисија за спречување корупција Горан Миленков.
Архивска фотографија: Претседателот на Државната комисија за спречување корупција Горан Миленков.

Повикувањето на новинарите на прес-конференција, според првиот антикорупционер Горан Миленков е знак на транспарентност на комисијата, но кога почнаа „незгодните“ прашања, тој си замина.

Претседателот на антикорупциската комисија Горан Миленков на прес-конференцијата зборуваше повеќе од 30 минути за програмата за превенцијата на корупцијата, но кога дојдоа на ред прашања од новинарите останаа без поголемиот дел од оговорите. Тој си замина по првите неколку прашања кога од него беше побарано да каже дали антикорупциската има отворено случаи по однос на снимките што ги објави опозицијата, како и за критиките за неефикасност на комисијата и дали тој чувствува одговорност што во сите извештаи Македонија добива критики дека борбата против корупцијата е декларативна.

Со тоа што сите сте повикани на прес-конференција ние го кажуваме нашиот начин на работа и транспарентност. Сè друго е ваша перцепција.
Горан Миленков, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Со тоа што сите сте повикани на прес-конференција ние го кажуваме нашиот начин на работа и транспарентност. Сè друго е ваша перцепција“, рече Миленков, кој во врска со отворањето случаи за снимите од опозицијата изјави:

Илустрација.
Илустрација.

„Сето ова што го кажавте е во судска процедура и нема да го коментирам, нема целисходност“, рече тој.

Ваквите теми по дефиниција треба да бидат топ тема и треба на дневна основа да бидат третирани од страна на Антикорупциската комисија. Со тоа што не се третираат тие продолжуваат на некој начин да ги амнестираат сите злоупотреби на власта.
Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.

По овој одговор и дополнителните прашања дали комисијата може да отвори случаи за снимките врз основа на слушнат глас, Миленков ја напушти прес-конференцијата на која претходно зборуваше за државната програма за превенција на корупцијата во наредните четири години и кажуваше дека сме понапред во регионот споредено со други земји.

„Македонија има високо воспоставени стандарди во однос на борбата против корупцијата. Имајќи предвид дека определени наши соседи кои дури се членки на ЕУ немаат посебни тела како што има Македонија, како што е нашата Комисија за спречување на корупцијата. Тие или работат во склоп на Министерствата за внатрешни работи или Министерството за правда“, рече тој.

Но бројките и теориите не соодветствуваат со извештаите, особено странските, во кои постојано се зборува дека борбата против корупцијата е декларативна. Во извештаите на Рајнхард Прибе и на Стејт департментот една од главните забелешки е дека има голема корупција во државата и дека надлежните институции треба да дејствуваат и да го спречат тоа.

Антикорупциската комисија постојано ја следат критики поради нејзината невидливост и неефикасност, како и селективен пристап. Поранешните антикорупционери уште еднаш потсетија дека случаите со снимките што ги објави опозицијата треба да бидат на агендата на Антикорупциската комисија.

„Ваквите теми по дефиниција треба да бидат топ тема и треба на дневна основа да бидат третирани од страна на Антикорупциската комисија. Со тоа што не се третираат тие продолжуваат на некој начин да ги амнестираат сите злоупотреби на власта“, вели поранешниот антикорупционер Драган Малиновски.

Инаку новиот претседател на Комисијата беше избран во април минатата година и ова е втора прес-конференција по конституирањето на новата Комисија.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG