Достапни линкови

Лидерска средба без големи очекувања


Доволен сигнал дека од денешната средба не се очекува многу е и тоа што еврокомесарот за проширување Јоханес Хан објави дека нема да дојде во Скопје.

Цврстите партиски позиции со кои лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ седнуваат на денешната средба не ветуваат некаков посериозен напредок. Невообичаено за досегашните контакти, до претпладнево не се знаеше ниту точниот термин кога ќе се одржи средбата, а доволен сигнал дека не се очекува многу е и тоа што еврокомесарот за проширување Јоханес Хан објави дека нема да дојде во Скопје.

Впечатокот кој го остава кај Груевски е дека Груевски треба сам да се брани и дека Хан не му помага, бидејќи имаше впечаток дека му помага. Отсуството на Хан сега го остава оголен ставот на Груевски.
Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието.

„Впечатокот кој го остава кај Груевски е дека Груевски треба сам да се брани и дека Хан не му помага, бидејќи имаше впечаток дека му помага. Отсуството на Хан сега го остава оголен ставот на Груевски“, вели поранешниот претседател на собранието Стојан Андов.

И според поранешниот дипломат Ристо Никовски мали се шансите за напредок денеска, но тој за негативниот исход смета дека е виновна опозицијата.

Сигналот не треба да се бара само во Брисел, доволно е да се следи ситуацијата во земјата кога едната страна продолжува со инсистирање на неисполниви услови мислам дека очигледно е дека нечија цел е да нема договор и да не успее целиот овој напор кој го менаџира Брисел. Мислам дека имаме доволно индикации дека шансите за некаков напредок, за некаков договор се никакви.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.

„Сигналот не треба да се бара само во Брисел, доволно е да се следи ситуацијата во земјата кога едната страна продолжува со инсистирање на неисполниви услови мислам дека очигледно е дека нечија цел е да нема договор и да не успее целиот овој напор кој го менаџира Брисел. Мислам дека имаме доволно индикации дека шансите за некаков напредок, за некаков договор се никакви“, вели Никовски.

Инаку СДСМ постојано тврди дека остануваат на нивната позиција дека ќе разговараат за која било точка само ако премиерот Груевски и, како што велат, неговите соработници за кои покажале дека се вклучени во криминални активности се повлекле од функциите.

Груевски, пак, преку интервју за весникот Фајненшл Тајмс ја повтори својата позиција, сосема спротивна од барањето на СДСМ, дека не е прифатлива идејата за смена на премиерот, оти, како што рече, граѓаните се тие кои ќе кажат кој ќе биде во Владата, а кој во опозиција.

Викендов, на прославата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски рече и дека Заев и криминогената група околу него правеле сè да пропадне договорот од 2 јуни, зашто знаеле дека ќе биле поразени на избори.

Од ДУИ, пак, чиј лидер Ахмети е дел од четворката, постојано повторуваат дека партиите треба да ги стават пред сè интересите на државата, а од ДПА се најмолчаливи околу разговорите. На средбата одржана во Скопје пред точно десет дена беше потпишан и анекс на договорот од 2 јуни од кој, пак, главна вест беше дека партиите се договориле за предвремени избори во април идната година. Во анексот на кој се потпишани лидерите на четирите партии се наведуваат три точки: да ги стават пред сè интересите на земјата и да ја потврдат својата посветеност на евроатланскиот процес и демократските принципи, да ја потврдат целосната посветеност на договорот од 2 јуни и денеска да ја продолжат дискусијата за организацијата на владата што ќе ги подготвува изборите, а од кога ќе биде постигнат договор опозицијата да се врати во парламентот.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG