Охридската пастрмка останува најзагрозениот вид на риба во Охридското Езеро, смета екологистот Лазо Наумоски, кој неодамна во Охрид ја промовираше својата книга „Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“. Во оваа книга, Наумоски пишува за причините за уништувањето на овој ендемичен вид риба по која Охрид и Македонија се познати во светот. Според него, процесот на уништување започнува во 1986 година со воведувањето на високите ловечки мрежи со кои се ловела пастрмката.
За жал тие мрежи се високи некаде околу 30-50 метри формираат околу 4-5 километри и се користеа во текот на целата година. Од Охридското Езеро не се вадеа, само рибите се вадеа, а тие остануваа.Лазо Наумоски, еколог.
„За жал тие мрежи се високи некаде околу 30-50 метри формираат околу 4-5 километри и се користеа во текот на целата година. Од Охридското Езеро не се вадеа, само рибите се вадеа, а тие остануваа. Тие се користеа во најдлабокиот дел на Охридското Езеро, токму онаму каде што најмногу престојуваше охридската пастрмка. Тоа траеше некаде до 2004 година додека траеше риболовот и кога се стопираше риболовот. Се уништуваа риби и матрици тешки и поголеми од еден килограм и тие риби. Од нив се добиваше рибен подмладок кој 100 отсто опстојуваше во водите на Охридското Езеро“, вели тој.
Треба да се отвори едно ново досие и нов правец во искористувањето на економските потенцијали на Охридското Езеро, на саломонидните риби, односно на охридската пастрмка. Охридското Езеро треба да биде матичњак за добивање на рибен подмладок.Лазо Наумоски, еколог.
Тоа се директните последици, а има и индиректни последици, вели Наумоски. Тој посочува дека фрлањето на високите ловечки мрежи било еднакво на чин на фрлање на атомска бомба во Охридското Езеро со огромни еколошки последици по пастрмката.
„Треба да се отвори едно ново досие и нов правец во искористувањето на економските потенцијали на Охридското Езеро, на саломонидните риби, односно на охридската пастрмка. Охридското Езеро треба да биде матичњак за добивање на рибен подмладок. Да се произведува рибен подмладок и во Хидробиолошки завод и во Шум Струга. Исто така ќе се порибуваат трите еко системи во Македонија каде има услови да се пориби охридската пастрмка. Охридската пастрмка да стане бренд, да се користи во цела Македонија и да биде еден вид на атракција за сите гости. Тоа е еден нов правец кој ќе се отвори“, вели тој.
Наумоски предлага во иднина охридската пастрмка да се користи само за спортски риболов, ако сакаме да ја сочуваме. Неговата книга има во план да ја преведе на англиски, германски и француски јазик, а книгата ќе ја достави до Европската банка за обнова и развој, УНЕСКО и до другите европски институции.