Достапни линкови

Во САД политичка битка за војна против ИД


Во САД политичка битка за војна против ИД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Во САД политичка битка за војна против ИД

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го отфрли актот со кој конгресмените до март идната година требаше да гласаат дали да му дадат поголема воена моќ на претседателот во борбата против милитантите на Исламската држава. Станува збор за амандман на законот за трошоци за одбраната.

Гласањето го нагласи недостигот на политичка волја во Конгресот за решавање на жешкото прашање за справување со Исламската држава.

До ова дојде откако Пентагон соопшти дека ја разгледува можноста за изградба на нови воени бази во Ирак.

Досегашната воздушна кампања на Соединетите Држави во Ирак и Сирија која почна во минатиот август чинела околу 2 милијарди и 700 милиони долари.

Новите бази се неопходни за сместување на околу 450 американски војници во Ирак, потег што го најави претседателот Барак Обама во обид да го спречи натамошното напредување на милитантите во западната ирачка провинција Анбар.

Десет месеци во необјавена војна против Исламската држава, а Конгресот се уште ја отфрла одговорноста да одобри употреба на сила.
Адам Шиф, демократ.

Во Ирак денес има околу 3 илјади и 100 американски војници. За време на поранешниот претседател Џорџ Буш таму имаше околу 170 илјади американски војници. Таа војна тогаш беше одобрена од Конгресот.

Иако често пати ги критикуваат потезите на Обама, конгресмените продолжуваат да дебатираат за тоа што треба да се направи во врска со милитантите на Исламската држава.

Отфрлувањето на амандманот од Конгресот значи дека се забранува натамошни трошоци во борбата против милитантите во Ирак и Сирија се до 31 март идната година.

„Десет месеци во необјавена војна против Исламската држава, а Конгресот се уште ја отфрла одговорноста да одобри употреба на сила“, изјави демократот Адам Шиф, кој го предложи амандманот.

„Додека нашите пилоти и специјални сили се во опасност, Конгресот одбива да си ја врши работата и да прогласи војна. Тоа е голем преседан“, оцени Шиф.

Американската администрација во последно време најави дека ќе го зголеми американското присуство во Ирак, особено околу стратегискиот регион меѓу Багдад и Тикрит, како и на северот кон Киркук и Мосул, втор по големина ирачки град кој пред една година падна во рацете на милитантите.

Новите американски сили би требало да ги обучуваат ирачките војници во база во близина на градот Рамади.

Според најновиот извештај на Пентагон, просечените дневни трошоци во борбата против милитантите на Исламската држава чинат повеќе од 9 милиони долари.

Две третини од оваа сума одат на воздушни напади врз позиции на милитантите.

Исто така се наведува дека од август лани досега биле потрошени над 200 милиони долари за специјални операции против Исламската држава.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG