Достапни линкови

Не го вработуваат оти нема партиска книшка


Никола Рибароски.
Никола Рибароски.

Со две дипломи во рацете, едната како дипломиран геодетски инжењер, другата како магистер по технички науки, Никола Рибароски повеќе од 7 години се обидува да најде работа во државната администрација. На сите конкурси на кои се пријавувал, според тестирањето и интервјуата е рангиран како најдобар кандидат, но тоа не било доволно да ја добие работата. Рибароски вели дека причината за тоа е што нема партиска книшка. Мотивиран од неговото искуство тој формира неформална група „ Стоп за партиски вработувања“ каде граѓаните ги споделуваат нивните искуства во соочувањето со овој проблем.

Која е вашата лична приказна што ве мотивираше да ја формирате оваа група?

Мојата лична приказна за формирање на оваа група се базира на моето упорно конкурирање во изминатите седум или осум години и тоа преку шест или седум пати на различни конкурси каде приказната се повторува. Конкурирањето е во две различни институции, во Агенцијата за катастар на недвижности и Јавното претпријатие за државни патишта. И покрај мојата стручност и покрај моето образование, на сите, ако не на сите, на поголем дел од тие тестирања, моите резултати биле најдобри, но за жал, постојано сум вон конкуренција, односно ниту еднаш не ме примиле на работа. Интересно е да се спомене како е на тие стручни комисии, какви дијалози водат, на некој начин какви се со апликантите. Со индиректни прашања за партиската припадност и на некој начин, барем мојот пример е, кога би негирал каква било политичка припадност, едноставно прашања од типот - Дали си ја научил лекцијата? Дали планираш да се зачлениш во некоја политичка партија? итн. , и се тоа проследено со фина насмевка и како од шега кажано.

Која е целта на основаната група „Стоп за партиски вработувања“?

Основната цел на формирање на групата „Стоп за партиски вработувања и политички притисоци на работните места“ е поголемо омасовување, пред сѐ, на групата каде би се приклучиле сите оние лица, како мене, кои се обесправени и кои имаат примери каде се евидентни партиските вработувања, но и сите оние граѓани кои едноставно, а ги има во голем број, кои не ги поддржуваат тие партиски вработувања. И би повикал без разлика на етничката и политичката припадност, луѓето во што поголем број да се приклучат кон оваа група, затоа што верувајте дека секој еден, дали преку својот син, својата ќерка, дали преку внуците, братучеди, другари, секој еден има пример да раскаже како грубо се кршат законите во Македонија индиректно и како се вработуваат партиски.

Колку се охрабруваат луѓето и се обидуваат да говорат јавно за овој проблем? Каков е вашиот впечаток?

За жал, стравот е евидентен. Откако е формирана групата, се јавуваат, не е дека не се јавуваат, лица кои ги кажуваат своите лични примери, нешто е јавно читливо и видливо, нешто е да речам невидливо, напишано во инбокс итн., меѓутоа преголем е бројот на примери на прекршување на законите. При лични средби кога раскажуваат како нивни блиски (другар, пријател, кој било) како ги третираат, како имаат политички притисоци, но и проблеми при вработувањето, односно барање на партиска определба за да може да бидеш вработен.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG