Достапни линкови

Украина: Тензично на линијата на фронтот


Украина: Тензично на линијата на фронтот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Украина: Тензично на линијата на фронтот

Во источна Украина и натаму е тензично. Примирјето не се почитува, а украинските сили велат дека се изложени на гранатирања. Меѓутоа, тврдат дека нема да се повлечат од своите позиции. Репортажа од село Новотошкивске, Луганск.

Селото Новотошкивске, во регионот Луганск, контролирано од украинските про-владини сили, е цел на постојани гранатирања. Украинското министерство за одбрана соопшти деновиве дека сепаратистите, подржани од Русија, кои контролираат големи делови во регионите Луханск и Доњецк, го гранатираат селото. Про-руските сепаратисти демантираат и за гранатирањата ги обвинуваат украинските сили.

Украински војници патролираат низ улиците на селото, во кое пред конфликтот имаше 2.300 жители.

Моите луѓе ќе останат тука до последен момент. Ќе загинеме доколку треба, но ќе ги задржиме нашите позиции

„Моите луѓе ќе останат тука до последен момент. Ќе загинеме доколку треба, но ќе ги задржиме нашите позиции. Сите знаат дека Донбас е Украина, ова е нашата татковина“, вели Сергеј Кривошапко од Луганскиот прв батаљон.

Ситуацијата и натаму е тензична на линијата на фронтот, која ги одвојува украинските сили и про-руските сепаратисти, бидејки примирјето од Минск, склучено во февруари, не се почитува.

„Ние сме на должност, постојано сме во борбена готовност и мора да отвораме четири очи“, вели војникот Мирон.

Деновиве Киев соопшти дека сепаратистите извршиле напад врз градот Маријанка, на 15 километри западно од Доњецк, каде што пред

конфликтот имаше околу 10.000 жители. Сепаратистите демантираат и тврдат дека украинските сили ги нападнале нивните позиции, при што загинале 15 луѓе.

ОБСЕ во Украина, во минатата недела соопшти дека безбедносната ситуација во источна Украина е значително нарушена во последниот период и оти и двете страни ги изложуваат цивилите на големи ризици.

Киев и НАТО ја обвинуваат Русија дека испраќа оружје и војници да се борат на страната на сепаратистите во источна Украина. Москва демантира дека нејзини трупи учествуваат во конфликтот.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG