Достапни линкови

Нуркачите го чистеа охридското крајбрежје


Целта на нуркачите им била да го исчистат поплиткиот дел од езерото од најразлични остри предмети кои би можеле да бидат опасност за капачите.

За поголема безбедност на туристите кои ова лето ќе се капат во Охридското Eзеро, нуркачите од Нуркачкиот клуб Амфора од Охрид го чистеа крајбрежниот потег од градското пристаниште во Охрид до населбата Канео. Годинава акцијата се реализираше под мотото „Покажи ја твојата љубов и грижа за езерото“.

Целта на оваа акција е да се помисли што се прави врз ова езеро. Ова езеро треба да трае уште милиони години и да го оставиме на идните генерации. Ние, еве колку години нуркаме, сè со цел да се намали отпадот во езерото.
Горан Балески, нуркач од клубот Амфора.

Горан Балески, нуркач од клубот Амфора, вели дека целта им била да го исчистат поплиткиот дел од езерото од најразлични остри предмети кои би можеле да бидат опасност за капачите. Езерото се чистеше во четири етапи.

„Целта на оваа акција е да се помисли што се прави врз ова езеро. Ова езеро треба да трае уште милиони години и да го оставиме на идните генерации. Ние, еве колку години нуркаме, сè со цел да се намали отпадот во езерото“, рече Балески.

Планираме да се заврши овој дел се со цел да се направи една добра промоција за градот и за општината Охрид и се да помине во најдобар ред. Во акцијата беа вклучени сите членови посебно постарите членови.
Горан Балески, нуркач од клубот Амфора.

Тој вели дека во рамки на минатогодишното чистење извадиле големи количини на остатоци од стаклени чаши и шишиња. Може да кажеме дека од година в година се намалува количината на цврст отпад кој се вади од дното на езерото, што значи дека акцијата за чистење веќе има влијание врз свеста на граѓаните, вели Балески.

„Планираме да се заврши овој дел се со цел да се направи една добра промоција за градот и за општината Охрид и се да помине во најдобар ред. Во акцијата беа вклучени сите членови посебно постарите членови“, рече тој.

Во меѓувреме заврши подвигот на нуркачот Милутин Секуловски кој заедно со своите колеги од Струга, Охрид и Подградец го пренурка Охридското Езеро. Нуркачите пронашле остатоци од воен авион во албанскиот дел и потонат брод кај Струга, како и други вредни откритија.

„За тој авион се знаеше, не го откривме ние. Ние само го документиравме. Доста од жителите во Албанија велат дека е тоа германски авион, но станува збор за англиски авион. Најдовме доста интересни работи, некои ги знаевме и досега, некои не. Документиравме некои праисториски населби како што е Врбник во Струга, Бучјезе во Албанија, Ндол кај Тропејца. Најдовме огромни количини на европскиот слатководен рак“, рече Секуловски.

Сите овие пронајдоци ќе придонесат и во развојот на нуркачкиот туризам во Охрид кој е во зародиш.

XS
SM
MD
LG