Достапни линкови

Свлечиштето на патот кон Мариово не е санирано


Не само што дел од патот е спуштен, туку асфалтот е распарчен, пропаднат, па и знаците кои како предупредување се ставени на најкритичниот дел, пропаднале во огромниот кратер во земјиштето.

Повеќе од месец и половина свлечиштето што се наоѓа на патот за прилепско Мариово во близина на селото Штавица, не е санирано. Не само што дел од патот е спуштен, туку асфалтот е распарчен, пропаднат, па и знаците кои како предупредување се ставени на најкритичниот дел, пропаднале во огромниот кратер во земјиштето. Од ридот преку патот па кон реката свлечиштето е закана и опасност за минувачите. Ризикот е голем за оние коишто не го познаваат овој регион и немаат информација дека тука има свлечиште, а најмногу за возачите кои ноќе патуваат за Мариово.

Сè може да биде, ако врне уште, може да попушта уште, ако фати суша, ќе си остане така може, ами кој не го знае, опасно може да биде, а кој го знае, ќе си замине.
Борис Цветаноски, жител на Штавица.

„Сè може да биде, ако врне уште, може да попушта уште, ако фати суша, ќе си остане така може, ами кој не го знае, опасно може да биде, а кој го знае, ќе си замине“, вели Борис Цветаноски, жител на Штавица.

Жителите кои секој ден го минуваат патот реагираат и бараат како што беше ветено брза санација на оваа единствена делница за Мариово.

Не се очекува влошување на состојбата со свлечиштето. Во моментов патот е прооден за сите видови возила, експертиза е направена, се работи проект за негово санирање.
Пеце Петровски, Деинг, надлежната фирма за надзор за одржување на паштитата.

„Пречи да ти кажам, затоа што како вработени во село Бонче, секој ден го минуваме овој пат, значи ризичен и патот и треба под итно да се направи зашто дел од Мариово се отсекува доколку патот не е прооден, патот им е битен на сите жители во Мариово, така и на жителите од населеното место Бонче, така да апелирам веднаш да биде направен, зашто нема услови за Мариово, ако патот не е направен“, реагира Васко Неделкоски.

Мештаните се загрижени од појава на нови дождови кои може да предизвикаат нови проблеми и проширување на хаваријата.

„Значи овде има проблем и може да се руши, исто има проблем и во Бонче и дел во Дуње го има истиот проблем и подадовме барање во Општината да се направи патот, ако патот се отсече, не дај боже деца има, се поболуваат стари луѓе, не ќе може да ги донесат во градот“, реагира Александар Ристески.

Штетите од отсуството на санација на оваа делница, велат дел жители ќе ги трпат и фирмите кои стопанисуваат во Мариово.

„Голем број фирми кои работата тука, експлоатираат големи рудни богатства и нивната работа потенцијално може да прекине во секој момент, се работи со сантиметри како се повлекува кон реката и во даден момент хаваријата би била не само прекин на основните животни намирници, за населението во Мариово, туку би прекинало и функционирањето на многу фирми кои работат таму, а ги има доста“, забележува Марјан Стеваноски.

Од Македонија пат информираат дека првично се ставени околу 20 метри кубни гребен асфалт, но за сите детали упатуваат на фирмата задолжена за надзор на сообраќајниците во Пелагонија.

„Не се очекува влошување на состојбата со свлечиштето. Во моментов патот е прооден за сите видови возила, експертиза е направена, се работи проект за негово санирање“, вели Пеце Петровски, од Деинг, надлежната фирма за надзор за одржување на паштитата.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG