Достапни линкови

Во Стразбур искрена дискусија


Сите страни се согласија дека е важно да се одржат натамошни состаноци". Ова е соопштено по средбата во Стразбур меѓу премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Заев модериран од тројцата пратеници од Европскиот парламент Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл

По десетчасовните преговори меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур, тројцата пратеници олеснувачи од Европскиот парламент Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл испратија кратко соопштение во кое се поздравува „искрената дискусија“ која се водела во изминатата ноќ, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

„Во контекст на разговорите кои се во тек, премиерот Никола Груевски и лидерот на главната опозициска партија Зоран Заев, се сретнаа со Иво Вајгл, Едвард Кукан, Ричард Ховит и комесарот Јоханес Хан во Стразбур на 19-20 мај 2015 година.

Пратениците и комесарот Хан ги поздравуваат напорите на лидерите на партии да работат кон договор во интерес на сите граѓани на земјата и да се решат предизвиците кои произлегуваат од кризата во согласност со европските стандарди. Партиите ја потврдија нивната определба за ЕУ интеграција и демократските принципи и се согласија дека на прво место мораат да ги стават интересите на земјата.

Пратениците и комесарот Хан ја поздравија искрената дискусија околу клучните теми на несогласувањата. Сите страни се согласија дека е важно да се одржат натамошни состаноци", се наведува восоопштението на тројцата пратеници.

Разговорите траеле до раните утрински часови, односно до околу 3 часот и 30 минути.

Двете делегации, заедно со нивните олеснувачи, се договориле изутринава да излезат со заедничко соопштение за содржината на разговоритe чија цел е изнаоѓање решение за политичката криза во Македонија.

Двете делегации, заедно со нивните олеснувачи, се договориле изутринава да излезат со заедничко соопштение за содржината на разговоритe чија цел е изнаоѓање решение за политичката криза во Македонија.

„Средбата не беше залудна и вредеше што се одржа“, оцени известувачот за Македонија при ЕП, Иво Вајгл

Средбата се одвиваше зад затворени врати, далеку од објективите на камерите.

Инаку, во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаа покрај претседателот на партијата Никола Груевски, уште Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков, а тука беше и пратеникот Владко Ѓорчев кој и се приклучи на делегацијата во Стразбур.

Во делегацијата на СДСМ се наоѓаа претседателот Зоран Заев, Рената Дескоска и Роберт Поповски.

Денеска премиерот Никола Груевски ќе има средба и обраќање пред најголемата политичка група на ЕП,на Европските Народни партии во која членува ВМРО-ДПМНЕ.

Ова непосредно пред вечерашнава пленарна дебата во ЕП за ситуацијата во Македонија, по која не е предвидено да се гласа резолуција.

XS
SM
MD
LG