Странските амбасадори не штедеа зборови во критиките кон актуелната власт сомневајќи се во нејзината посветеност кон демократските принципи и вредности на евроатланската заедница. Рекоа дека е неприфатливо однесувањето на владата да бидат преземени соодветни политички и законски мерки против оние кои се одговорни во случајот со прислушуваните разговори.
И добро би било ако тој што требало да ја прими пораката, ја примил и разбрал на вистинскиот начин. Притисокот се врши институционално, таму каде што навистина може нешто да се промени.Никола Дујовски, универзитетски професор.
Но, тоа што некои граѓани не ги слушнаа пораките оти провладините медиуми не ги емитуваа, за домашната јавност е сигнал на владејачката тенденција да не се презентира нешто што е во спротивност со перцепцијата на проевропска влада што таа ја наметнува во јавноста.
„Самото изземање или непренесување на тие прилично јасни ставови на Меѓународната заедница е дел од таа политика да не се опонира таа перцепција која владејачката партија ја промовира кај своето членство“, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.
Пораката е пренесена на вистинското место, на Илинденска, вели професорот Никола Дујовски. За него е помалку важно дали медиумите ја пренеле во целост пораката на странските амбасадори, оти како што вели притисокот не се врши врз граѓаните, туку врз институциите.
Колку и да се има тенденција за минимизирање и спинување на целата ситуација, сега веќе ситуацијата е многу појасна, дури и одделувањето на случувањата преку викендот од содржините на т.н. политички бомби, укажува на тоа дека време зе чекање веќе нема.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
„И добро би било ако тој што требало да ја прими пораката, ја примил и разбрал на вистинскиот начин. Притисокот се врши институционално, таму каде што навистина може нешто да се промени. Граѓаните не би можеле да променат ништо и затоа пораките што стигнуваат до нив, би можеле да ги цениме дека се за дневно политички потреби“, вели Дујовски.
Игнорирањето на пораките од западните земји не мора да значи дека Македонија го менува својот курс кон Истокот, велат аналитичарите, додавајќи дека тој однос е резултат на случувањата на внатрешно-политичката сцена. Иако имаше тенденции да се направат други алтернативи, стратешката определба е се уште евроатланска Македонија, велат Муслиу и Дујовски.
„Не верувам дека моменталната политичка ситуација овозможува стратегиско реориентирање на владејачката партија, ниту има временски простор за стратегиска ориентација кон Истокот или Западот.“, вели Мусли.
„Постои можеби некаква тенденција да се зајакнат и односите со Истокот, меѓутоа сега засега сме многу далеку да зборуваме за нешто поконкретно“, вели Дујовски.
Иницирањето на политички дијалог и заминување на владата на Груевски се неминовни,одговара Муслиу на прашањето за можни сценарија за излез од кризата.
Притискот за обновување на политичкиот дијалог ќе продолжи и натаму, прогнозира Дујовски според кој тоа е единствениот начин да се стави крај на длабоката политичка криза.
„Колку и да се има тенденција за минимизирање и спинување на целата ситуација, сега веќе ситуацијата е многу појасна, дури и одделувањето на случувањата преку викендот од содржините на т.н. политички бомби, укажува на тоа дека време зе чекање веќе нема“, заклучува Муслиу.
„Доколку се обидат да разговараат, доколку седат на маса, па макар и со посредништво, да се обидеме да ги решаваме проблемите на таков начин“, вели Дујоски.