Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и демонстрантите пред Влада


Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:16 0:00

Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата

Демонстрантите кои протестираат пред владата со стапови удираат по штитовите на полиција. Претходно гаѓаа со јајца, домати, компири, пластични шишиња и по некој камен кон зградата на Владата, по што беа скршени два прозорци.

Полицијата ја растера толпата која протестираше пред владата, по што демонстрантите се поделија на помали групи и се потиснати по малечките улици околу Илинденска и Климент Охридски. Нашиот репортер од терен јавува дека полицијата удирала по демонстрантите. На ова му претходеа жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Скопје. Мирните протести за барање одговорност поради убиството на Мартин Нешкоски пред четири години што почнаа попладнево пред владата ескалираа, прво со јајца и домати кон владата, а потоа и со камења и со директни судири меѓу неколкуте илјади демонстранти и полицијата.

Забележавме неколкумина повредени полицајци и демонстранти и неколкумина уапсени демонстранти, но засега нема официјална бројка. Меѓу оние коишто добија ќотек од полицијата беше и новинарот Зоран Иванов, актуелен директор на телевизијата 24 вести.

На улиците беа извадени и водени топови, а демонстрантите запалија неколку контејнери.

Насобраниот народ извикуваше „оставки, „убијци“, „Никола излези“, „Готово е, готово.“

​Граѓаните на социјалните мрежи попладнево повикаа на протести, мотивирани од денешните прислушувани разговори што ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев. Насобраниот народ извикуваше „оставки, „убијци“, „Никола излези“, „Готово е, готово.“ Тие со јајца, пластични шишиња, домати и по некој камен гаѓаа кон фасадата на владата. Како резултат на тоа скршени се две прозорски стакла на приземјето од владината зграда.

На почетокот на протестот луѓето протестираа пред железната заштитна ограда, а на разглас се пуштаа прислушкуваните разговори кои ги објави опозицијата, а се однесуваат на случајот Нешкоски.

Во еден неколку луѓе од толпата ја прескокнаа оградата и влезе во дворот на владата, искористувајќи го дотогаш слабото полициско присуство. Тогаш се засили и бројноста на полицијата и во еден момент еден од полицајците од кордонот излезе до железната ограда, го отклучи катанецот и ја отвори оградата, по што луѓето можеа да влезат во дворот. Многу од насобраните луѓе го гушкаа и бакнуваа полицаецот, велејќи дека е херој, а тој се одвои од групата и замина.

Додека народот се собираше на протест пред Владата, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, држеше вонредна прес-конференција. Таа рече дека не чувствува одговорност за она што можеше да се чуе од снимките на опозицијата за убиството на Мартин Нешкоски, ниту пак планира да си поднесе оставка.

Јанкулоска вели дека лидерот на партијата Зоран Заев го достигнал врвот на монструозноста, повторно поигрувајќи се со емоции на најгруб начин и злоупотребувајќи ја трагичната смрт на еден млад човек. Според неа, сето тоа Заев го прави за да оствари политичка профит. Таа вели дека МВР ги презело сите активности за пронаоѓање на сторителот на убиството на Нешкоски.

Во јуни 2011 година младиот Мартин Нешкоски на плоштадот Македонија во Скопје беше претепан до смрт од припадникот на специјалните единици Тигри Игор Спасов. Неколку илјади млади неколку месеци протестираа против полициската бруталност.

По објавувањето на денешната 29- та бомба на лидерот на СДСМ Зоран Заев за убиството на младиот Мартин Нешковски, граѓаните на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, револтирани од содржината на разговорите, повикуваат на протести во 18:00 часот пред Владата. НОВА стапи во контакт со братот на Мартин, Александар Нешковски, кој видно вознемирен кратко изјави дека работи на тоа вечерва што повеќе луѓе да се соберат пред Владата како реакција на она што јавноста денеска можеше да го слушне.


Според повиците кои ги упатуваат граѓаните, се потврдиле сомнежите на движењето против полициска бруталност.

„Денешните снимки се доказ за убиството кое оваа Влада проба да го сокрие, за полициската бруталност за која Министерството за внатрешни работи не презеде одговорност“, се вели во еден од повиците.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG