Зошто МВР со денови молчеше за убиството на Мартин Нешкоски? Зошто целата одговорност се сведе само на еден човек и зошто не се понесе одговорност и од други структури? Ова како што рече претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе се дознае од аудио снимките поврзани со убиството на младото момче, кое се случи на плоштадот во Скопје во 2011 година кога се славеше изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да побара расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирана, тој ги заштитувал соработниците, за да си ја спаси својата кожа, тој ги излажа сите, граѓаните, родителите, сите они кои протестираа, Груевски се обидел да ја убие вистината за Мартин Нешкоски..Зоран Заев, СДСМ.
Во разговорите, како што вели Заев, се слушаат гласовите на шефот на УБК Сашо Мијалков, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, нејзиниот портпарол Иво Котевски и шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер. Тие, според Заев, разговараат за начин како да се прикрие случајот од јавноста.
Заев нагласи дека од еден од телефонските разговори се слушало како Мијалков признавал како сега осудениот полицаец бил на должност, а од друг разговор пак се дознавало дека иако МВР тврдело дека имало признание од Спасов, немало ниту службена белешка за тоа. Од повеќе телефонски разговори се слуша како владините претставници зборуваат дека Спасов бил човек близок до тогашниот шеф на обезбедувањето на Груевски, Дејан Митровски -Урко, а во еден од разговорите, за кои тврдат, дека се слушаат гласовите на Јанкулоска и Мартин Протоѓер, женскиот глас вели дека според нејзините информации Нешковски дошол до домот на АРМ, а потоа, како што се слуша, „бил скршен од мавање“.
„Не нервирам што со овој случај многу изгубивме, а ова со Љубе падна в втор план“, вели гласот за кој од СДСМ тврдат дека е на Јанкулоска.
За сето ова, тврди Заев, Груевски бил лично запознае и, како што вели, директно тој ја диктирал белешката за да останело чисто неговото обезбедување.
Последниот разговор ќе разобличи сè, јавноста ќе дознае дека не само што знаеле Јанкулоска, Котевски, Мијаков, Протоѓер, туку и Груевски знаел за убиството, знаел кој го извршил и кој го криел, креирал записници за да се сокрие вистината, рече Заев.
„Наместо да побара расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирана, тој ги заштитувал соработниците, за да си ја спаси својата кожа, тој ги излажа сите, граѓаните, родителите, сите они кои протестираа, Груевски се обидел да ја убие вистината за Мартин Нешкоски. Тој диктирал и завршница на целиот случај, неговото обезбедување да нема никаква одговорност, а да се каже дека Спасов приватно дејствувал. Груевски како самиот да ја напишал пресудата“, вели Заев.
Заев рече дека Јанкулоска мора да понесе одговорност за случајот Нешковси, како и сите инволвирани во тоа, односно сите оние кои знаеле, а молчеле, а одговорност мора да понесе и обезбедувањето на Груевски и самиот Груевски, рече Заев.