Достапни линкови

Заев: Власта го прикривала убиството на Нешкоски


Заев - Груевски ја „уби“ вистината за Мартин Нешковски
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:42 0:00

Заев - Груевски ја „уби“ вистината за Мартин Нешковски

За да избегне политичка и друга одговорност за смртта на Мартин Нешковси, власта смислила и спровела план, за тоа да одговара само лицето Игор Спасов, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во еден од телефонските разговори за кој се посочи дека бил меѓу Мијалков и Јанкулоска се слуша дека Спасов всушност бил на должност.

Полицијата, преку полицаец за време на вршење на службена должност, е одговорна за убиството на Мартин Нешковски, а не лицето Игор Спасов, наводно присутен на настанот приватно, како симпатизер, тврди претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој денеска на прес- конференција презентираше аудио снимки на кои, како што рече, се слушаат гласовите на шефот на УБК Сашо Мијалков, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, нејзиниот портпарол Иво Котевски, шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протоѓер и на самиот Груевски.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00
Директен линк

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00
Директен линк

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:24 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:31 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:19 0:00
Директен линк

Од разговорите, тврди Заев се слушало како за да избегне политичка и друга одговорност власта смислила и спровела план, зад превезот на барањето за индивидуална кривична одговорност на сторителот, да се прикрие инволвираноста и одговорноста во МВР.

Заев - Груевски ја „уби“ вистината за Мартин Нешковски
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:42 0:00

Во еден од телефонските разговори за кој се посочи дека бил меѓу Мијалков и Јанкулоска се слуша дека Спасов всушност бил на должност.

„Машки глас: Е испада од ЕЗС припадник, му има удрено не сакајќи, незгодно и овој починал, што да правиш, тоа е.
Женски глас: Добро сега. Се случуваат и такви работи, тоа е тоа.
Машки глас: Се случува. Битно го расчистуваме.
Женски глас: А не бил на должност, така...овој?
Машки глас: Бил на должност, како не.
Женски глас: Бил, а?
Машки глас: Па бил на должност по усмена наредба, знаеш кога има такви настани обично се испраќаат да го обезбедуваат просторот. Не го обезбедувал Премиерот, туку просторот.
Женски глас: Да де да. Јавен ред и мир.“

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00
Директен линк

Во друг телефонски разговор, пак, за кој се тврди дека е меѓу Јанкулоска и Протуѓер се слуша како двајцата зборуваат дека се чекало два дена за да се види што со настанот, а убиството го поврзуваат со луѓе блиски до поранешниот шеф на обезбедување на премиерот Дејан Митровски Урко.

„Машки глас: А, што е причината за убиството?
Женски глас: А бе, не е...види сеа, причината за убиството. Овој, преѓе шо ти кажав, дошол малиот у Дом на АРМ, сакал да влезе, овие го избуткале, пошто овој што е од Тигриве, од нивнава банда, бил таму. И после го видел уште еднаш на искачање, кога искачавме од АРМ и детево се сопнало и овој го скршил од мавање. Значи, нити бегал, нити не давал да му стават лисици.
Машки глас: Леее... “

Директен линк
Директен линк
Директен линк
Директен линк
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:58 0:00
Директен линк

На крајот, нагласи Заев, и лично Груевски знаел дека структури од МВР и неговото обезбедување ја замајувале целата постапка, креирале информации и правеле неточни полициски записници за да не се дознаела целосната вистината. Од телефонскиот разговор меѓу како што рече Груевски и Јанкулоска се слуша како машкиот глас вели „не знам што више да стегнам, што не сум им кажал, што не сум му напраил на овој Урко, едино да го сменам од функција... „

Женски глас: Ама морам да видам шо зборат за да се спремам, и ви кажувам почнале по Фејсбук, од обезбедувањето...
Машки глас: Не, ти категорично кажи им тој не е член на обезбедувањето на премиерот...
Женски глас: Не јас секако, нема...
Машки глас: Тој работи во тигрите и тоа нема врска со обезбедувањето на премиерот, второ изведен е пред суд, веројатно до тогаш ќе има и притвор...
Женски глас: Да, да, да па јас планирам у 12 да дадам изјава па до 11 да го изнесеме пред...
Машки глас: Тој не бил таму службено, не сме го одредиле службено таму да биде, најверојатно бил приватно и приватно дејствувал...
Женски глас: Мислам, невидено нешто... “

please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00
Директен линк

Инаку убиството на Нешковски се случи во 2011 година на плоштадот во Скопје кога се прославуваше изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш потоа се организираа протести против полициската бруталност, а на почетокот на 2012 година Спасов беше осуден на 14 години затвор. Во текот на судската постапка ја негираше вината и тврдеше дека за време на убиството бил работно ангажиран, спротивно на неговиот командир кој во улога на сведок кажа дека Спасов бил таму приватно.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG