Често поставуваното прашање дали постои координираност на државните институции околу одредени прашања, негативен одговор добива во Тетово, каде поради двостран конфликт забавува изградбата на новата зграда за потребите на театарот и библиотеката.
Постои имотно правен спор. Постои Закон за експроприција, постапката треба да се спроведе согласно Закон за експропријација, дали ќе се обештети или државата ќе донесе одлука дека им ги отстапува, не навлегувам во тоа.Томислав Дабевски, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
Центарот за култура кој раководи со изградбата на објектот и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, се судрија околу тоа - Дали треба да се отстранат или не дуќани кои се во сопственост на претпријатието?
„Пред околу месец, два, бевме известени од страна на инвеститорот дека имаат намера да почнат со градежни зафати, меѓутоа од увидот во документацијата, одобрението за градба и планот, се утврди дека објектот кој што треба да се гради не ги зафаќа овие деловни простории, односно е до самата ивица, до самиот граничник на деловните простории, што значи дека не се предмет, не ја опфаќаат парцелата на овие деловни објекти“, вели Томислав Дабевски, раководител на подрачната единица на претпријатието. Тој побарал времена мерка со цел да се спречи намерата на Центарот за култура да се отстранат дуќаните.
Имотните листови што ги имаме на име на Центарот за култура го опфаќа и тој дел. Но, ова не верувам дека ќе биде проблем, поради тоа што е ист газда, ист сопственик - Република Македонија. Корисници трајни на тоа земјиште сме ние - Центар за култура.Хаки Фазлиу, Центар за култура.
Директорот на Центарот за култура, Хаки Фазлиу, тврди дека со урбанистичкиот план просторот не е предвиден за дуќани туку за инфраструктурни објекти.
„Имотните листови што ги имаме на име на Центарот за култура го опфаќа и тој дел. Но, ова не верувам дека ќе биде проблем, поради тоа што е ист газда, ист сопственик - Република Македонија. Корисници трајни на тоа земјиште сме ние - Центар за култура.“
Засега нема обид за договор меѓу раководителите на двете институции. Се смета дека повисок орган во Владата ќе посредува за се надмине недоразбирањето..
„Постои имотно правен спор. Постои Закон за експроприција, постапката треба да се спроведе согласно Закон за експропријација, дали ќе се обештети или државата ќе донесе одлука дека им ги отстапува, не навлегувам во тоа“, вели Дабевски.
„Мислам многу лесно, можеби да се спроведе иницијатива од наша страна ќе видиме на кој начин, истата одлука да ја носи Владата на РМ“, вели Фазлиу.
Почетокот на градежните работи за театарот претходно беше одложен и поради потребата да се премести трансформатор на компанија за дистрибуција на електрична енергија.