Втор ден средношколците ја бојкотираат наставата скоро во сите средните училишта низ земјава. На учениците од скопската гимназија Јосип Броз Тито и денеска школскиот ден главно им поминува во училишниот хол, каде одржуваат алтернативни активности, иако како што велат, некои наставници ги повикуваат да го прекинат бојкотот и да одат на часови. Во дворот на училиштето, освен обезбедувањето имаше неколку ученици кои ни кажаа дека се одлучни во својата намера да бојкотирааат се додека не одржат средба со министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми наука, на која би се дискутирало за нивните барања.
Денеска имаме втор ден бојкот на наставата, сите ученици се во училиштето, немаме настава, но сепак сме внатре, имаме алтернативни активности од едукативен карактер.Анкетиран средношколец.
„Денеска имаме втор ден бојкот на наставата, сите ученици се во училиштето, немаме настава, но сепак сме внатре, имаме алтернативни активности од едукативен карактер. Денеска, сега за сега, нема притисоци иако стигнаа до нас информации дека дошла полиција, како што вчера дојде крим-техника, но сега за сега нема некои отворени притисоци што се пријавени“, вели ученик од четврта година.
„Седиме во училишниот хол, имаме активности. До четврти час седиме во училниците, но нема предавања. Денес од 7 и пол до 8 часот имавме гимнастика, после гледавме филмови, потоа ќе има кошарка во сала и на крај ќе има музички бенд.“
Не добивавме закани, но не избркаа од училишниот двор и со толпата се стациониравме во училиштето. Слично сценарио се одвивало и во другите училишта и со тоа се докажува дека бојкотот се шири.Анкетиран средношколец.
Слична е ситуацијата и во училиштата во Тетово. Ученик од средното економско училиште вели дека денеска учениците не добивале закани од наставниците и директорите, но биле избркани од училишниот двор, а ситуацијата била слична и во останатите тетовски училишта.
„Денеска ја бојкотиравме наставата во економското училиште! Не добивавме закани, но не избркаа од училишниот двор и со толпата се стациониравме во училиштето. Слично сценарио се одвивало и во другите училишта и со тоа се докажува дека бојкотот се шири. Од утре планираме да се радикализираме, односно воопшто да не присуствуваме на настава. Ќе прекинеме со бојкотот оној момент кога Министерството ќе не прими на средба за да ги сумираме работите и ќе гледаме да се прифатат нашите барања.“
Учениците од Средношколскиот пленум бараат од Министерството за образование и наука и од министерот Абдилаќим Адеми да ги стопира, како што велат, лошите реформи во образованието, односно да биде вратен стариот концепт на државна матура и укинување на екстерното тестирање за учениците. Адеми вчера ги повика средношколците да се вратат во училишните клупи и дека во зависност од неговата агенда ќе може да усогласи термин за средба сос средношколците, независно од тоа дали ја бојкотираат наставата или не.