Достапни линкови

Охридската опозиција незадоволна од градењето на Плаошник


Локалитет Плаошник во Охрид.
Локалитет Плаошник во Охрид.

Поранешните објекти кои некогаш биле на Плаошник биле уште поголеми од ова што се гради сега, рече директорката на охридскиот музеј Тања Паскали Бунташевска, одговарајќи на критиките од опозицијата.

Дали возобновувањето на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник се оние грандиозни и габаритни градби и дали во минатото градбите биле такви какви што се сега, ја праша опозицијата од Охрид директорката на Музејот, Тања Паскали Бунташевска. Таа, пак, одговори дека целиот простор детално бил истражен и оти сè она што било откриено ќе било презентирано во музејскиот простор. Одговори дека поранешните објекти кои некогаш биле на Плаошник биле уште поголеми.

Точно е дека УНЕСКО имаше одредени забелешки на проектите. Забелешките се однесуваа во однос на спратноста и тоа не на сите објекти, туку на манастирскиот комплекс и на објектот којшто се наоѓаат западно од Свети Климентовата црква.
Тања Паскали Бунташевска, директорка на Музејот во Охрид.

УНЕСКО уште од првиот момент беше запознаен со активностите коишто се изведуваат на Плаошник во Охрид, вели Паскали Бунташеска.

„Во тој период кога УНЕСКО дојде, ние бевме почнати со работа. Точно е дека УНЕСКО имаше одредени забелешки на проектите. Забелешките се однесуваа во однос на спратноста и тоа не на сите објекти, туку на манастирскиот комплекс и на објектот којшто се наоѓаат западно од Свети Климентовата црква и даваше препораки да се изврши промена на фасадите на дел од објектите за комплексот да добие унифицирана архитектура“, рече Паскали Бунташеска.

Плаошник во Охрид.
Плаошник во Охрид.

Таа уверува дека тие комплетно ги прифатиле забелешките на УНЕСКО и оти ги преработиле проектите. На Плаошник, како што рече директорката, ќе никнат два комплекси.

Сега признавате дека имаше забелешки на УНЕСКО. Зошто толку доцна ги признавте? Зошто понекогаш треба да се уништат работите за да се инкорпорираат препораките од УНЕСКО.
Дејан Блажески, советник од ЛДП.

„Колку изнесува овој грандиозен објект во денари или евра? Нели ви смета толкаво здание со толку голема висина да ја покрива како со рака прекрасно поставената црква“, рече Жаклина Лазареска, советник од СДСМ.

„Ако се осврнеме на политичката димензија, тоа значи централната власт, поради Плаошник и овие градби првично ветува дека ќе плаќа комуналии на Општина Охрид, а потоа поради овие градби овој град е оштетен со комуналии и е донесена одлука да се ослободат од комуналии. Сега признавате дека имаше забелешки на УНЕСКО. Зошто толку доцна ги признавте? Зошто понекогаш треба да се уништат работите за да се инкорпорираат препораките од УНЕСКО“, рече Дејан Блажески, советник од ЛДП.

На понудата на Паскали Бунташеска до советниците да дојдат на Плаошник за да ги прошета, Блажески и возврати дека и тие го сакаат Плаошник и оти тоа можат сами да го направат. Директорката кажа дека 17 милиони денари изнесувала инвестицијата на фазата карабина.


XS
SM
MD
LG