Достапни линкови

Под Плаошник сепак ќе се гради


Земјиштето го купил жител на Скопје за 167.000 евра. Јавноста и дел од политичките субјекти реагираат на тоа и го канат министерот за транспорт да дебаатитаат за таа тема.

На атрактивното земјиште кај Плаошник во Охрид сепак ќе се гради. Преку електронско наддавање, земјиштето го купил жител на Скопје. Еден метар квадратен бил продаден за 51.000 денари, што значи дека новиот сопственик целата парцела ја купил за 167.000 евра. Максималната висина на објектот кој би се изградил на таа локација е приземје со две нивоа.

Но сега денес сме сведоци дека таму има планови за изградба на градби. Затоа Миле Јанакиески мора да покаже доблест бидејќи ова не е Прилеп, туку е Охрид и на следната седница и јавно го поканувам да дојде и да присуствува кога ќе се дебатира на оваа тема
Дејан Блажески, претседател на ЛДП Охрид.

Продажбата на земјиштето наиде на реакции кај дел од јавноста и кај некои од политичките субјекти во Охрид. Поради, како што велат, одредени одлуки кои го засегаат урбанизмот во Охрид, локалните опозициони партии го канат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески да дојде во Охрид и заедно да дебатираат околу оваа проблематика.

Плаошник.
Плаошник.

„Имајќи предвид дека имаме закон дека до брегот на езерото е одговорно Министерството за транспорт и врски, имајќи предвид дека во 2011 година заедно со Жерновски реагиравме за градбите на Плаошник, а тогаш останаа глуви и медиумите и граѓаните. Но сега денес сме сведоци дека таму има планови за изградба на градби. Затоа Миле Јанакиески мора да покаже доблест бидејќи ова не е Прилеп, туку е Охрид и на следната седница и јавно го поканувам да дојде и да присуствува кога ќе се дебатира на оваа тема“, рече Дејан Блажески, претседател на ЛДП Охрид.

Би ги споменал градбите на Плаошник, градбата на Заум кои ги тангираат граѓаните и кои ќе остават траен белег во развојот и изгледот на Охрид.
Јован Стојаноски, советник од СДСМ во Совет на Општина Охрид.

Доколку биде одбиен предлогот и доколку не забележиме слух кај одговорните ќе договориме форми за граѓанско дејствување, вели Блажески.

„Слободно ние од опозицијата ќе го прошетаме по терен, а доколку сака може да прошета со луѓето од владеачката партија. УНЕСКО побара да се воведе еден закон за Охрид, со кој Охрид треба да се третира многу поинаку од другите места“, рече Блажески.

Очигледно е дека нешто се случува во Охрид и на тоа одговор треба да даде министерот во однос на урбанизацијата на Охрид, вели Јоне Станкоски советник од ВМРО Народна партија.

Јован Стојаноски, советник од СДСМ вели дека на граѓаните на Охрид подобро треба да им биде објаснето што се случува со градбите кои се предвидени да се градат.

„Би ги споменал градбите на Плаошник, градбата на Заум кои ги тангираат граѓаните и кои ќе остават траен белег во развојот и изгледот на Охрид. Треба да имаме одреден концепт за развој и треба да следи одредена расправа помеѓу сите субјекти и не треба сами да ги носиме тие одлуки, бидејќи тоа се прашања кои го засегаат целиот град“, рече Стојаноски.

Деновиве е актуелно што се гради кај месноста Заум покрај Охридско езеро, дали тој објект за кој МПЦ вели дека ќе бидат конаци е со дозвола за градба или не.

XS
SM
MD
LG