Локалната опозиција од Охрид смета дека е погрешна одлуката под комплексот Плаошник кој е заштитен со закон да се гради станбен објект на три ката. Охридските социјалдемократи велат дека локацијата на која била предвидена изградбата се наоѓала на левата страна од патот за црквата Св. Јован Канео, односно дека истата била дел од боровата шума под Плаошник. Александар Кузески, портпарол на СДСМ Охрид, прашува зошто се сака да се отуѓат 200 метри квадратни атрактивно државно градежно земјиште.
Продажбата се планира да биде извршена на 2 март, а почетната цена за 1 метар квадратен што го одредила Општина Охрид изнесува само 25 евра. За споредба, пазарната вредност при продажба на куќи во тој дел од градот изнесува најмалку 1000 евра за еден метар квадратен, додека цената на неизградено градежно земјиште се движи над 500 евра за еден метар квадратен.Александар Кузески, портпарол на СДСМ Охрид.
„Продажбата се планира да биде извршена на 2 март, а почетната цена за 1 метар квадратен што го одредила Општина Охрид изнесува само 25 евра. За споредба, пазарната вредност при продажба на куќи во тој дел од градот изнесува најмалку 1000 евра за еден метар квадратен, додека цената на неизградено градежно земјиште се движи над 500 евра за еден метар квадратен“, вели Александар Кузески, портпарол на СДСМ Охрид.
Од локалната самоуправа во Охрид велат дека отуѓувањето на земјиштето било по барање на Министерство за транспорт и врски.
Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште е пропишана со уредба од страна на Владата на Македонија и изнесува 1543 денари по квадратен метар, а крајната цена може да достигне висина и повеќе од 20 пати од почетната. Општина Охрид од продажбата на земјиштето ќе инкасира 80 отсто од средствата.Општина Охрид.
„Целата постапка се води во согласност со Законот и прописите за градење, а градежната парцела е проектирана во согласност со важечкиот урбанистички план. Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште е пропишана со уредба од страна на Владата на Македонија и изнесува 1543 денари по квадратен метар, а крајната цена може да достигне висина и повеќе од 20 пати од почетната. Општина Охрид од продажбата на земјиштето ќе инкасира 80 отсто од средствата“, велат од општината.
Од СДСМ бараат веднаш да се поништи објавениот оглас и да се стопира, како што велат, штетната продажба на атрактивната локација.
Тања Паскали Бунташевска, директорка на Завод и Музеј од Охрид, вели дека новите градби нема да ја нарушат автентичноста по која е препознатлив Плаошник.
„Објектот ќе се следи од самото проектирање од изработка на проектот и ќе се ревидираат од наша страна, па сè до завршувањето на градба на објектот. Ние назначуваме конзерваторски надзор кој постојано ќе ја следи градбата и затоа нема место за стравување дека нешто ќе биде нарушено и ќе биде направено нешто што не треба“, вели таа.
Охриѓани со поделени мислења околу градбата на новиот објект.
„Ако државата има интерес и ако е во интерес на народот и не смета на никого, нека се гради. Законот го менуваат луѓето и тоа го одобрувам“, вели охриѓанец.
„Не смее да се гради таму, тоа е историски монумент, што има да се гради таму“, вели негов сограѓанин.
„Тоа е многу лошо и е жалосно тоа да се растури таму бидејќи јас сум растен таму. Ние како деца таму игравме и сметам дека тоа треба да остане како што си е“, вели жител на Охрид.
На Плаошник и сега како дел од проектот возобновување на Свети Климентовиот универзитет се градат неколку објекти кои исто така наидоа на реакции во јавноста.