Достапни линкови

Излезот од политичката криза не е на повидок


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Главната одговорност за излез од актуелната политичка криза е во земјата. Странците може да помогнат само со посредништво доколку политичките лидери прифатат.

Низа предлози за решавање на политичката криза имаше во изминатиов период и од меѓународната и од домашната сцена, но излезот засега не е на повидок, велат експертите. Еврокомесарот за преговори за проширување и добрососедство Јоханес Хан предложи помош од Европскиот парламент, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимо Белели изјави дека се спремни да испратат европски олеснувач, а лидерот на опозициската ДПА, Мендух Тачи повика да се формира анкетна комисија, која би ја водел некој од неговата партија.

Овој проблем мора сами да го решиме. За да се воспостави таа власт мора да почне една реконструкција на целата државна машинерија, веројатно е најдобро со оставки на главните личности горе во државата, после што би следел договор меѓу партиите, да почне судството нормално да функционира колку што може во овие околности.
Денко Малески, универзитетски професор.

Поранешниот министер за надворешни работи и професор, Денко Малески, вели дека главната одговорност е во земјата и странците во овој случај многу тешко можат да помогнат, освен со ангажирано посредништво доколку политичките лидери прифатат.

Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„Притисоците коишто државите ќе ги прават врз раководството на Македонија и политичките партии ќе бидат силни, бидејќи и тие се погодени со ова што се случува, меѓутоа нема пример овие демократски земји да соберат судии или политичари кои би ги испратиле тука да судат место нашите судии, да одлучуваат место нашите политичари дури и кога би сакале тоа да го направат, значи невозможно е“, вели Малески.

Во овој момент навистина сум скептичен дека е можно какво било придвижување напред, особено поради фактот што целиот фокус сега е свртен кон стекнување сознанија за начинот на кој делувала власта, а сè уште сме далеку од моментот кога интересот ќе биде кон разрешување на оваа состојба на статус кво.
Арсим Зеколи, поранешен дипломат.

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи вели дека определен дел од тие предлози не е спорно дека се добронамерни, но проблемот е колку има политичка волја и конструктивност кај владата и институциите на системот, чиј кредибилитет најблаго кажано е под голема сенка на сомнеж од страна на граѓаните.

„Во овој момент навистина сум скептичен дека е можно какво било придвижување напред, особено поради фактот што целиот фокус сега е свртен кон стекнување сознанија за начинот на кој делувала власта, а сè уште сме далеку од моментот кога интересот ќе биде кон разрешување на оваа состојба на статус кво“, вели Зеколи.

Според Малески, премногу долго во Македонија има ситуација во која власта нема демократска контрола.

„Овој проблем мора сами да го решиме. За да се воспостави таа власт мора да почне една реконструкција на целата државна машинерија, веројатно е најдобро со оставки на главните личности горе во државата, после што би следел договор меѓу партиите, да почне судството нормално да функционира колку што може во овие околности итн. Не знам дека може некое друго решение тука да се издејствува“, вели Малески.

Тој додава дека доколку политичката криза се продлабочува и натаму и има симптоми на сериозен конфликт тогаш нема сомнеж оти западните сојузници ќе интервенираат на начин на кој ќе проценат дека е потребен, но засега се чека да се види што нашите политичари може да решат.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG