Достапни линкови

Аквариум


Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.
Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Кога директорите ги надмудруваат работниците, државата ги трие рацете. Државата од секоја трансакција на К-15 си наплатува по 10 проценти за персонален данок, а во државната каса се влеваат над 3 милиони евра, пишува Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Со почетокот на годината во чудесна Македонија се случија многу брзи и чудни работи. Странските инвестиции испливуваат како риби на сите страни, биле американски, германски или индиски, градоначалниците ги пречекуваат со отворени раце и молат бога да лапнат по некоја провизија.

Но, да претпоставиме ако еден работник зема плата од 18.000 денари за кои фирмата плаќа придонеси од 8.640 денари, со намалување на платата на 11.500 денари, а остатокот му го исплаќа како К-15, тогаш трошоците на работодавачот се придонеси од плата од 5.520 денари и персонален данок на К-15 од 850 денари. Крајната пресметка покажува дека фирмата на еден работник заштедила 2.270 денари.

Во Македонија сè е можно, од намалени даноци, евтина работна сила, младина која не престанува да мисли како да избега од земјата на живеење, дедо и баба си уживаат со субвенциите од МТСП, стечајни работници без никаков бенефит, и сл.

Но, како млад човек што ме растажи и ме погоди во срце овој период е тоа што изгубивме еден божји ангел кој се вика Тамара. Мое сочувство до семејството на Тамара. Но, и покрај болката на семејството се најде голема храброст заедно со граѓаните на Македонија да му покажат црвен картон на министерот за здравство Никола Тодоров. Да, паднаа првите луѓе на ФЗОМ, но тоа не е доволно. Упорноста и храброста на граѓаните нема да застане се додека и првиот човек на здравство не си поднесе оставка.

Исто така, уште еднаш ја изразувам мојата поддршка на Студентскиот пленум кој издржа храбро и со голема енергија го доведе МОН до нишан за да ја прифати иницијативата за донесување на нов Закон за високо образование. Браво! Храбро, чесно и со добро организирана стратегија се дојде до позитивни резултати.

Во оваа колумна покрај сите случувања кои ги има околу нас, сакам да потенцирам за исплатата на регресот за годишен одмор или популарно меѓу работниците К-15. Во 2005 година законската обврска за исплата на годишен регрес беше укината, а после девет години оваа обврска повторно им се наметна на работодавачите со последните измени на Општиот колективен договор за стопанството, кои стартуваа од 1 јануари минатата година, со важност од две години, што значи дека по 2015 година оваа социјална мерка ќе престане да важи, доколку не се направат нови измени. До крајот на декември 2014 година, ваков регрес требаше да добијат 300.000 работници, вработени во приватниот сектор. Но, прашањето е колку граѓани навистина ги добиле парите, а колку од нив биле принудени да ги вратат назад кај работодавачите?

Поголемиот дел од жалбите кои биле поднесени се вработени во текстилни фирми во Тетово, Прилеп, Кочани, Скопје и Битола, но злоупотреби имало и во градежни компании главно во Скопје, потоа фирми за обезбедување, медиуми и брокерски куќи. Главно претставките се однесуваат за неисплатен регрес и тоа во 56 фирми.

Фирмите на своите работници прво им ја намалуваат платата, за да после со остатокот да им го исплати К-15. Но, да претпоставиме ако еден работник зема плата од 18.000 денари за кои фирмата плаќа придонеси од 8.640 денари, со намалување на платата на 11.500 денари, а остатокот му го исплаќа како К-15, тогаш трошоците на работодавачот се придонеси од плата од 5.520 денари и персонален данок на К-15 од 850 денари. Крајната пресметка покажува дека фирмата на еден работник заштедила 2.270 денари. Кога директорите ги надмудруваат работниците, државата ги трие рацете. Државата од секоја трансакција на К-15 си наплатува по 10 проценти за персонален данок, а во државната каса се влеваат над 3 милиони евра.

Со измените на законот, надомест од 8.500 денари ќе може да земат само оние лица кои работеле шест месеци кај ист работодавач. Наместо полн џеб за работникот, овде мангупи испаднаа државата и работодавачите.

Според податоците на Државниот инспекторат за труд кои се објавени на нивната веб страна може да се увиди дека од страна на работниците биле поднесени 70 претставки, од кои 63 се од познат подносител, а 7 анонимни пријави. Поголемиот дел од жалбите кои биле поднесени се вработени во текстилни фирми во Тетово, Прилеп, Кочани, Скопје и Битола, но злоупотреби имало и во градежни компании главно во Скопје, потоа фирми за обезбедување, медиуми и брокерски куќи. Главно претставките се однесуваат за неисплатен регрес и тоа во 56 фирми.

Па, луѓе мои, јавна тајна дека Владата секоја странска инвестиција си ја препишува како лична заслуга, која се фали како обезбедила нови работни места. Да така е, зар не гледате и сами како Владата се шета низ САД, ЕУ па се до Азија само за доброто и благосостојбата на своите граѓани, посебно за младите. Голема е дарежливоста на владата која им ја обезбедува на странските инвестиции во покривање на дел од трошоците за плати и придонеси, изградба на патна и друга комунална инфраструктура, плус ослободување од данок на добивка и ддв во период за десет години. За Македонија се работи!

Или, како што вели народната, кој високо лета – ниско паѓа.

XS
SM
MD
LG