Достапни линкови

Кумановци се информираат, а никому не веруваат


Кумановци најчесто гледаат музички и спортски програми, а за политика се информираат од провладините телевизии и од социјалните мрежи. Велат дека не им веруваат на медиумите, но оти има нешто и вистина.

Зависно од возраста, кумановци за настаните од државава се информираат преку вестите, главно на провладините телевизии, спортски странски канали и на социјалните мрежи. Иако велат дека во домашните медиуми, како и на социјалните мрежи не веруваат целосно, се свртуваат кон странските медиуми и запловуваат во филмски програми. Разочарани се што Куманово нема свој медиум преку кој би биле објективно информирани за она што се им се случува во градот. Политиката им е трн в око и не сакаат ниту да слушнат, ниту да проговорат за неа.

Нашминкано е. Покрај тоа што читаме на Фејсбук, нема ништо слично. Би требало тоа на вести што е.
Анкетиран граѓанин.

„Преку телевизија се информирам, ама мислам дека лажат.“

„Нашминкано е. Покрај тоа што читаме на Фејсбук, нема ништо слично. Би требало тоа на вести што е“, велат анкетираните граѓани.

Се информирам преку социјалните мрежи. Во социјалните мрежи не е сè за верување, од Куманово сум, па се се знае колку толку, а кумановска телевизија не гледам.
Анкетиран граѓанин.

Тие велат дека и не се толку лоши вестите на провладините телевизии. Самите заклучуваат дека вистината е некаде помеѓу.

„Најчесто гледаме Пинк и тие глупости. Вести на провладини телевизии.

Има и дел од вистина, не е сè за верување, но има нешто.“

„Се информирам преку социјалните мрежи. Во социјалните мрежи не е сè за верување, од Куманово сум, па се се знае колку толку, а кумановска телевизија не гледам.“

„Па што слушам, музика највеќе. Денеска нашите телевизии само лажат. Сите лажат, не можеш да поверуваш никому. Куманово нема телевизија, едно време имаше Зора. Куманово го избришале од листата на Македонија. Затоа што се СДСМ. Важно е само таа ВМРО да остане на власт, како Римска Империја, немој да ги тргнат од столче, ако ги тргнат, лоша работа.“

„Гледам две телевизии и филмови на странски. Кумановска телевизија нема.“

Животот во реалноста не е розов. Напротив. Затоа, како што велат кумановци, помалку на шега, ги вклучуваат телевизиските канали преку кои колку-толку доживуваат катарза, а потоа се префрлаат на музички програми или странски филмови. Иако речиси сите се зависници од социјалните мрежи - Фејсбук за нив е само можност за некаква виртуелна забава и бегство од реалноста.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG