Достапни линкови

Ќе го прифати ли Тодоров црвениот картон?


Црвен картон за министерот Тодоров
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

Црвен картон за министерот Тодоров

Граѓаните на денешниот марш побараа оставки од одговорните во Министерството за здравство и во Фондот за здравствено осигурување за смртта на малата Тамара Димовска, која почина чекајќи на операција.

Црвен картон за министерот за здравство Никола Тодоров и негова оставка, како и оставка од другите одговорни лица побараа граѓаните денеска на масовниот протестен марш поради смртта на деветгодишната Тамара Димовска, која болуваше од сколиоза.

Одете си за да може да се направи поубаво место за живеење за нашите деца. Тамара е доказ дека не се грижите доволно за нашите деца. Заминете си достојно од вашите фотелји за да не се случи нова Тамара. Децата умираат чекајќи на вашата милост. Одете си за да нема родители за кои ќе нема утеха, скршени од тага, преполни со болка и солзи. Мора да го најдеме виновникот.
Жаклина Димовска, мајка на починатата Тамара Димовска.

Маршот започна пред Фондот за здравствено осигурување, а заврши пред Министерството за здравство. Граѓаните носеа транспаренти на кои пишуваше „Не сте господ да давате наредби од горе“, „Чекаат ли вашите деца за операција“, „Парнаџиева спиеш ли навечер“. Насобраните извикуваа „оставка“, „убијци“, „нема правда, нема мир“, „нема да ви помине“.

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска, пред Министерството за здравство го повика Тодоров да излезе и да каже дека тој и системот се виновни и дека тие ја потпишале смртната одлука за нејзината ќерка.

Пациентите веќе знаат дека во јавното здравство не може да добијат квалитетна услуга, дека не може да си го дозволат своето здравје и мораат, ако имаат пари, да одат на приватно, а ако немаат да се бидат болни. Каква е оваа држава, какво е ова здравство.
Здравко Савески, Левичарско движење Солидарност.

„Одете си за да може да се направи поубаво место за живеење за нашите деца. Тамара е доказ дека не се грижите доволно за нашите деца. Заминете си достојно од вашите фотелји за да не се случи нова Тамара. Децата умираат чекајќи на вашата милост. Одете си за да нема родители за кои ќе нема утеха, скршени од тага, преполни со болка и солзи. Мора да го најдеме виновникот“, рече Димовска.

Таа уште еднаш порача дека тие три години се обидувале преку институциите да и обезбедат операција на Тамара.

Здравко Савески од Левичарското движење Солидарност пред Фондот за здравство порача дека јавното здравство е уништено и оти докторите си заминуваат од земјата.

„Пациентите веќе знаат дека во јавното здравство не може да добијат квалитетна услуга, дека не може да си го дозволат своето здравје и мораат, ако имаат пари, да одат на приватно, а ако немаат да се бидат болни. Каква е оваа држава, какво е ова здравство“, праша Савески.

Пред завршувањето на маршот, директорката на фондот, Маја Парнаџиева-Змејкова поднесе оставка на функцијата.

„Јас сум човек кој е воспитан приватно и професионално да помага секому и истовремено сум емотивна личност, а не некаков ладен бирократ и сите овие напади лично ме погодија. Денеска објавувам дека од човечки причини се повлекувам од функцијата директор на Фондот“, рече таа на денешната прес-конференција.

По Парнаџиева-Змејкова, оставка од функцијата директор на фондот си поднесе и Џемали Мехази. Граѓаните пред крајот на протестот со едноминутно молчење и оддадоа почит на Тамара, а црвените картони и транспарентите ги оставија пред Министерството за здравство.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG