Достапни линкови

Неделниците за состојбите во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


Република смета дека „Ни ремонт не ја оправа опозицијата“, Фокус анализира „Кој се ја мерка фотелјата на Груевски во ВМРО-ДПМНЕ?, а Глобус се осврнува на последното гостување на премиерот во емисијата „Јади бурек“.

Провладините медиуми постојано се заинтересирани за состојбите во опозициската СДСМ, за тоа дали поранешниот лидер Црвенковски ќе се врати на политичката сцена, дали ќе се формира нова партија ослободена од хипотеките и, се разбира, создаваат свои приказни како би можело да се одвива тоа. Слично, како впрочем и оние ретките опозициски.

Ни ремонт не ја оправа опозицијата , зашто СДСМ е пред распад, без програма и идеја и за да се извлече од дното му е потребна темелна реконструкција и ново раководство, кое ќе знае да го привлече народот со добра понуда.
Република.

Република - Ни ремонт не ја оправа опозицијата

На пример, Република смета дека „Ни ремонт не ја оправа опозицијата“ зашто, според уводничарот, СДСМ е пред распад, без програма и идеја и за да се извлече од дното му е потребна темелна реконструкција и ново раководство, кое ќе знае да го привлече народот со добра понуда. Во друг текст, во неделникот пишува дека СДСМ очајнички ја посакува улогата на грчката СИРИЗА, со нејзината историска победа, но реалноста им ја доделува улогата на ПАСОК кој едвај го помина прагот за влез во Парламентот. Во трет напис за состојбите во опозициската СДСМ, Република пишува дека Заевистите имале доволно време да покажат до каде можат да ја уништат опозицијата и дека тоа ја отвора внатрешната Пандорина кутија за конечна пресметка во СДСМ, а кој би бил предводник во борбата на политички духови? „Кој друг ако не - Бранко Црвенковски“, се обидува да нагаѓа Република.

Фокус - Кој се ја мерка фотелјата на Груевски во ВМРО-ДПМНЕ?

Според западните дипломатски кругови, кои се уште шепотат кога говорат за „малиот диктатор“, демократската транзиција во Македонија, без оглед на силата на експлозијата на „бомбите“ на Заев, не може да се одвива без ВМРО-ДПМНЕ. Од тие причини, се повеќе се зборува за тивка, мирна смена во врвот на владејачката партија.
Фокус.

Фокус, пак, кој важи за про-опозициски медиум, излегува со друга теза: „Кој се ја мерка фотелјата на Груевски во ВМРО-ДПМНЕ?“, прашува во насловот на анализата, за потоа да напише дека „според западните дипломатски кругови, кои се уште шепотат кога говорат за „малиот диктатор“, демократската транзиција во Македонија, без оглед на силата на експлозијата на „бомбите“ на Заев, не може да се одвива без ВМРО-ДПМНЕ. Од тие причини, се повеќе се зборува за тивка, мирна смена во врвот на владејачката партија“. Авторот на анализата потоа наведува неколку миња за можни кандидати за лидер на владејачката партија: Ден Дончев, Никола Димитров, Јове Кекеновски, Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев, како најбениген кандидат според Фокус.

Глобус - Власта ја направи Македонија сеопшта бурекџилница

Глобус и колумната под наслов „Бурекџилница“, се осврнуваат на последното гостување на премиерот во емисијата „Јади бурек“ на една скопска телевизија, наведувајќи дека „премиерот и неговите коалициони партнери од државата Македонија направија сеопшта бурекџилница која е целосно партизирана и приватизирана... а имаат сосема јасна цел: да останат на власт вечно, ако треба и со сила. Или додека сосема не ги завршат плановите за мегаломанскиот грабеж на се што ќе им падне под рака и за разнебитување на државата“, пишува Глобус.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG