Општина Маврово-Ростуше, во која основен економски двигател е туризмот, презема бројни додатни активности во насока на промовирање на зимските туристички дестинации. Општината, со поддршка на Швајцарската агенција за развој, како и ски центарот и туристичките правни субјекти, за оваа зимска туристичка сезона состави календар на активности, сè со цел да се зголеми бројот на домашните и странските туристи во зимскиот туристички центар Маврово.
Активностите започнаа со големиот концерт на групата САРС во Трифковата Колиба кај ски центарот, потоа имаше забава за најмладите - децата, наречена „денот на снегот“, ќе следат други концерти.Мукрем Мехмеди, градоначалник на Општина Маврово–Ростуше.
„Како општина спроведуваме проект со поддршка на Швајцарската агенција за развој, преку СВИС Контакт, кој е насловен „Промовирање на Маврово–Ростуше како идејна туристичка дестинација“. Проектот опфаќа промовирање на бројни активности кои се опфатени со календарот за зимската туристичка сезона. Активностите започнаа со големиот концерт на групата САРС во Трифковата Колиба кај ски центарот, потоа имаше забава за најмладите - децата, наречена „денот на снегот“, ќе следат други концерти, потоа мавровскиот меморијал и бројни активности кои ќе бидат интересни за туристите во Маврово“, истакнува градоначалникот на Општина Маврово–Ростуше, Мукрем Мехмеди.
Сосема е јасно дека зимскиот туризам е двигател на економскиот развој на општината, така што промоцијата е потребна.Мукрем Мехмеди, градоначалник на Општина Маврово–Ростуше.
Според него, оваа сезона е видно зголемена соработката на локалната власт со хотелските капацитети и ски центарот „Заре Лазаревски“ за Маврово да се промовира подобро како зимски центар, не само дома туку и во странство.
„Па, сосема е јасно дека зимскиот туризам е двигател на економскиот развој на општината, така што промоцијата е потребна. Обилните врнежи од снег најавуваат богата туристичка сезона, поради што очекуваме и мошне успешна сезона. Вклучени се и хотелите и ски центарот. Соработката со нив е мошне добра и веруваме дека оваа зима за туристичката сезона ќе биде добра“, вели Мехмеди.
Во промовирањето на зимскиот туризам во оваа општина, видна улога има и Инфо центарот кој се наоѓа во Маврови Анови. Во овој Инфо центар, домашните и странски туристи добиваат бројни информации за капацитетите на хотелите, за цените во нив и во ски центарот, но и за поширокиот регион, а посебно и за Националниот парк Маврово.