Достапни линкови

Бенефит од соработката на НП Маврово со локалното население


Илустрација.
Илустрација.

Управата на Националниот парк спроведува проект за одржливото еколошко собирање на лековити билки и шумски плодови од што и населението си обезбедува приход.

Соработката на националните паркови со локалните власти и локалното население е неопходна и таа може да има големо влијание во подобрувањето на материјалната состојба на населението. Ова го тврди управата на националниот парк Маврово која речиси сите свои активности на теренот ги планира и со локалните институции. Националниот парк Маврово со една ваква активност дава и голем придонес за побрз развој на населението. Тој имплементира заеднички проекти со локалното население, а ефектите не изостануваат. Има нагласени ефекти и на економски план. Таков е случајот со проектот што го поддржа американската Агенција за меѓународен развој УСАИД од кој населението веќе има бенефити.

Целта на проектот беше одржливото еколошко собирање на лековити билки и шумски плодови во паркот. Имаше серија обуки на локалното население и дел на населението доби и сертификат за одржливо собирање на шумски плодови и лековити билки. Со ова се овозможи тие да имаат и добар семеен приход.
Онер Јакуповски, директор на НП Маврово.

„Националниот парк Маврово е вмрежен со повеќе национални паркови во светот и спроведува многу проекти и со локалното население и институции. Треба да се нагласи дека проектот што паркот го спроведе со УСАИД е многу битен. Целта на проектот беше одржливото еколошко собирање на лековити билки и шумски плодови во паркот. Имаше серија обуки на локалното население и дел на населението доби и сертификат за одржливо собирање на шумски плодови и лековити билки. Со ова се овозможи тие да имаат и добар семеен приход. Во втората фаза од овој проект ќе се овозможи отворање на три откупни центри во кои населението ќе се регистрира и по собирањето на билките и плодовите ќе ги предаде за откуп. Сите овие активности ќе бидат под мониторинг на паркот како надлежна институција за тоа“, вели директорот на НП Маврово, Онер Јакуповски.

Онер Јакуповски, директорот на Националниот парк Маврово.
Онер Јакуповски, директорот на Националниот парк Маврово.

Коментирајќи го проектот на УСАИД, тој оценува дека со спроведувањето видно е зголемен бројот на семејствата кои се вклучени во собирање на лековити билки и шумски растенија и тие семејства и добро заработуваат. Директорот на националниот парк Јакуповски нагласува дека од особен интерес како за паркот така и за локалната власт и населението е и проектот на меѓугранична соработка на Македонија со Албанија преку ИПА Програмата на Европската унија околу соработката во сферата на туризмот.

„Втор проект кој е во тек на реализација е со Република Албанија со град на ЕУ. Националниот парк Маврово со еден албански партнер набави најсовремен хардвер и софтвер со цел да се развие оваа подлога на паркот, каде целокупниот биодиверзитет и туристичките капацитети заедно со туристичката инфраструктура ќе се обработат во дигитална форма. Потоа сите тие податоци ќе може да се користат од страна на туристите кои многу полесно ќе се сместат во хотелските капацитети а потоа и ќе ги видат оние богатства на паркот кои ги интересираат.“

Локалната власт на општина Маврово и Ростуше и населението поради одличната соработка со националниот парк добиваат и голема поддршка токму од управата на паркот во организирањето на бројни манифестации. Во националниот парк велат дека тие манифестации кои се поддржуваат се како во интерес на општината така и во интерес на паркот, бидејќи и одржувањето на животната средина во паркот зависи од бројните акции што населението ги организира за заштита на животната средина во паркот.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG