Достапни линкови

Германија против анти-исламизмот


Германија против антиисламизмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Германија против антиисламизмот

„Исламот и припаѓа на Германија“, изјави германскиот канцелар Меркел која ги поддржа протестите против движењето Патриотски европејци против исламизација на Западот или ПЕГИДА.

Околу 25 илјади приврзаници на ова движење синоќа маршираа по улиците на Дрезден, најмногу од почетокот на неделните собирања во овој град во источна Германија.

„Ние сме народ“, извикуваа демонстрантите држејќи пароли против емигрантите.

Некои од нив со црн флор изразуваа солидарност со жртвите од терористичките напади во минатата недела во Париз.

Еден од организаторите изјави дека страшните настани во Париз се доказ дека ПЕГИДА била неопходна.

До протестите дојде и покрај повиците на политичарите за нивно откажување и откако канцеларот Ангела Меркел на средбата во Берлин со турскиот премиер Ахмед Давутоглу изјави дека исламот и припаѓа на Германија.

ПЕГИДА го вознемири германскиот политички естаблишмент и најпрвин изгледаше дека ќе биде своевидна помош на евро скептичната партија Алтернатива за Германија.

Во Германија почнаа да се одржуваат протести против ПЕГИДА, а синоќа во Лајпциг, Минхен, Хановер и Берлин на нив се собраа над сто илјади луѓе, извикувајќи:

„ПЕГИДА е наци пропаганда“.

Германија има едни од најлибералните правила за добивање азил, делумно и поради нејзиното нацистичко минато.

Бројот на азиланти кои пристигнуваат во Германија, само во минатата година изнесуваше околу 200 илјади или четири пати повеќе од 2012 година.

ПЕГИДА го вознемири германскиот политички естаблишмент и најпрвин изгледаше дека ќе биде своевидна помош на евро скептичната партија Алтернатива за Германија.

Но, партијата сега е поделена како да се справи со ова движење.

Против ПЕГИДА веќе почнаа протести и во други европски земји кои се повикуваат на верска и национална толеранција, особено по настаните како терористичките напади во Париз.

Во меѓувреме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека реакцијата на Западот на нападите во Париз била проследена со исламофобија.

„Лицемерноста на Западот е очигледна“, рече Ердоган на прес конференцијата одржана заедно со неговиот гостин палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Ердоган го критикуваше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој учествуваше на протестите во Париз на 11 овој месец.

„Се прашувам што прави таа личност која спроведува државен тероризам со масакрирање на две ипол илјади луѓе во Газа“, изјави Ердоган.

Според него, нападите во кои загинаа 17 луѓе бил неуспех на француските безбедносни сили со оглед на тоа што осомничените биле претходно осудувани.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG