Од Студентскиот и Професорскиот пленум денеска побараа од претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпише указот за прогласување на Законот за високо образование, доколку предлог измените бидат усвоени во Парламентот. Од Професорскиот пленум му ги предале аргументите од 130 страни против реформите во високото образование. Меѓудругото професорката Гордана Силјановска се осврна на проблемот со Одборот за акредитација и евалуација, чии членови ќе бидат избирани од Собранието.
Во кои навистина ќе седат избрани луѓе на конкурс, професори, меѓутоа по аминот или по изборот од Собранието. Тоа сепак се заканува со опасност од политизација, Собранието е политички орган, не е Академија.Гордана Силјановска, универзитетска професорка.
„Во кои навистина ќе седат избрани луѓе на конкурс, професори, меѓутоа по аминот или по изборот од Собранието. Тоа сепак се заканува со опасност од политизација, Собранието е политички орган, не е Академија, значи тоа е надвор од досегашното функционирање и профил на Одборот за акредитација и евалуација.“
Професор Абдулменаф Беџети вели дека претседателот се сложил со нив оти честите измени во Законот за високото образование имале негативно влијание.
Постои надеж дека со тоа ќе се изврши едно, пред се, морало и политичко влијание на претседателот како орган којшто го црпи својот легитимитет од народот кон пратениците, со тоа што ќе се утврди дека и претседателот навистина застанал во одбрана на универзитетот и неговата автономија.Владимир Битраков, Студентски пленум.
„Добро е што прво претседателот се сложи со нас, дека покрај сите овие досегашни, особено 15 такви фрагментирани промени во последните шест години, го доведовме високото образование пред се во кошмар, како што тој го нарече, и дека наводно се очекува од ваквите предложени мерки да се подобруваат состојбите во тие универзитети коишто под листата или под рангот на пет универзитети најдобри во државата, значи намерно таргет група биле тие универзитети, што тука не се слагаме лично.“
Владимир Битраков од Студентскиот пленум вели дека Иванов ги преслушал забелешките кои ги имаат. Од Пленумот изразија надеж дека тие ќе бидат прифатени и оти средбата ќе има позитивен исход.
„Постои надеж дека со тоа ќе се изврши едно, пред се, морало и политичко влијание на претседателот како орган којшто го црпи својот легитимитет од народот кон пратениците, со тоа што ќе се утврди дека и претседателот навистина застанал во одбрана на универзитетот и неговата автономија.
Воедно според него, претседателот им напомнал дека ќе настапи во својство на државник.
„Без да прејудицира каков било чекор, потпишување или непотпишување на указот, само најави дека што и да биде указот, кога ќе одлучува дали да го потпише или не указот, ќе настапи во својство на државник, во својство на претседател на државата, а нема да настапи во друго својство како професор или нешто слично.
Дел до аргументите на студентите се дека државниот испит ја нарушува автономијата на универзитетот. Тие ја нагласиле и монотехничката нелогичност на Законот и апсурдноста на решението студентот да полага над 20 предмети во рок од три часа.
„Се согласивме дека треба да има промени, треба да има реформи во образованието, но не на ваков начин на кој сега се презентираат пред нас и се надеваме дека претседателот ќе даде позитивна оцена за тоа што ние го презентиравме сега, за реформи како што треба, а не избрзани и нецелосно-транспарентни “, изјави Кирил Арсовски од Студентскиот пленум.
Од Кабинетот на Иванов соопштија дека на Македонија ѝ е потребна успешна трансформација на високото образование. Тој изрази загриженост за тенденцијата на поделби во академската заедница и повика на единство и дијалог, со цел надминување на актуелните состојби. Иванов утре ќе оствари средба и со претставниците од „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“.
Иванов предложи и да се одржи заедничка средба со претставниците на Професорскиот пленум, на Студентскиот пленум и на Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“.