Битолчани ќе мора да се стрпат уште најмалку пет месеци за да ги дознаат примарните и секундарните загадувачи на воздухот во градот, а потоа надлежните да преземат и законски мерки. Запреа натегањата меѓу општина Битола и здружението „За нас се работи“ во интерес на подобра животна средина за битолчани. Согласно меморандумот за соработка што го потпишаа ќе се обединат резултатите од истражувањето на двете страни во заедничка студија. Понатамошните активности и мерки што ќе се преземат ќе ги надгледува стручен тим од два претставника.
Нашето мерење ќе заврши сега, но резултатите ќе ги имаме до крајот на јануари. Општината мерењето го планира до крајот на февруари, а резултатите ќе ги имаат во април. Значи во почетокот на мај ќе треба да се тргне во решавање на проблемот.Иван Јерчиќ, здружение „За нас се работи“.
Здружението „За нас се работи“ веќе ги започна независните мерења со мобилна мерна станица нарачана од лабораторијата „Фармахем“. Општината, пак, ќе спроведе други мерења по завршувањето на јавен оглас.
Иван Јерчиќ, претставник на здружението вели дека се договориле резултатите од мерењата да ги обединат во едно.
„Тие резултати кои ќе го покажат хемискиот состав на честичките РМ и да ги искористиме за едно првично определување на загадувачите во Битола. Нашето мерење ќе заврши сега, но резултатите ќе ги имаме до крајот на јануари. Општината мерењето го планира до крајот на февруари, а резултатите ќе ги имаат во април. Значи во почетокот на мај ќе треба да се тргне во решавање на проблемот.“
Сепак, се договоривме активностите да ги обединиме. Сите други приказни околу сето што беше до сега, ако постоеше такво недоразбирање, ги ставаме на страна.Владимир Талески, градоначланик на Биитола.
Борбата за почист воздух ќе остане запаметена како една од главните активности на битолчани во 2014 година. По неколкуте протести, од кои последните завршија пред општината, градоначалникот седна на заедничка маса со екологистите.
„Сепак, се договоривме активностите да ги обединиме. Сите други приказни околу сето што беше до сега, ако постоеше такво недоразбирање, ги ставаме на страна. Понудата од моја страна и од нивна е да направиме заедничка екипа која со заеднички сили ќе работи на оваа тема“, вели градоначалникот Владимир Талески.
Анализите ќе треба да ги дадат долгоочекуваните одговори за битолчани кои од фабричките капацитети, сепарациите за песок, депониите и други се најголемите загадувачи на воздухот во градот . До сега иако имаше истражувања од некои невладини организации, фирмите често ги негираа. Податоците кои допрва ќе се добијат ќе треба да бидат официјални и врз основа на нив ќе следуваат и санкции за загадувачите. Досегашните мерења на Министерството за животна средина покажаа дека понекогаш концентрациите на ситна прашина која предизвикува белодробни заболувања се десет до дваесет пати над дозволеното.