Достапни линкови

По славјето доаѓаат сметките


Јануари е месец - година, па по деновите поминати во славење, расположението нагло опаѓа, затоа што граѓаните почнуваат да размислуваат за неисполнетите ветувања и празните џебови.

Еуфоријата на почетокот од годинава дека оваа година ќе биде поинаква полека одминува и животот во Македонија се враќа во вообичаениот тек. Новогодишните задолжувања стасуваат за наплата, па токму затоа јануари се смета за месец-година. Се троши многу повеќе отколку што е заработено, а отрезнувањето тешко паѓа. Во овој месец по деновите поминати во славење и домашна опуштена атмосфера, расположението нагло опаѓа, затоа што граѓаните почнуваат да размислуваат за неисполнетите ветувања и празните џебови.

Никако е, скапотија, и што ако земав пензија, за три дена да ме прашаш нема ни денарче да остане.
Анкетиран граѓанин.

Граѓаните велат дека испразнетата домашна каса ги исцрпува и психолошки и финансиски. По големото трошење за прослави и подароци следува расчистување со доспеаните камати, рати и претходни долгови. Така истрошени и исцедени, се поставува прашањето како да се преживее месецот по празниците?

Си се потрошил за Нова Година, си се потрошил за Бадник, па иде Стара Нова година, народот тешко ќе помине, трошоците се големи.
Анкетиран грашанин.

„Си се потрошил за Нова Година, си се потрошил за Бадник, па иде Стара Нова година, народот тешко ќе помине, трошоците се големи.“

„Трошоци има, но пари нема, се што има е многу скапо.“

„Многу оптоварувања има, се е скапо, струјата скапа, храната се поскапува секојдневно, пазарот е оган и пламен, и од семејството изрджуваш други и кога ќе видиш.“

Драстичното слабеење на економската моќ во средината на месецот, освен во јануари, како месец на многу празници, на најголемиот дел од луѓето им се случува постојано. Граѓаните велат дека не можат ни да замислат да заштедат пари.

Од друга страна луѓето се задолжуваат, земаат потрошувачки кредити и сето тоа ги оптоварува во подоцнежните денови, кога ќе дојде да се намират сметките.
Хасан Јашари, социолог.

„За ништо не стасува, порано имаше заштеди, пари, сега не останува денар од први до први.“

„Никако е, скапотија, и што ако земав пензија, за три дена да ме прашаш нема ни денарче да остане.“

„Скапотија, скапотија, колку сакаш, со мали пензии, со мали плати, невработени луѓе, но што да правиш, тоа е, нема што да се прави.“

Социологот Хасан Јашари вели дека граѓаните сакаат овој период од годината и празниците да ги поминат во најдобра атмосфера и затоа трошат пари, затоа што за луѓето со поскромни примања празниците се можност за краток излез од сивилото во кое живеат па и последниот денар го даваат за мала душевна издишка.

„Од друга страна луѓето се задолжуваат, земаат потрошувачки кредити и сето тоа ги оптоварува во подоцнежните денови, кога ќе дојде да се намират сметките, за луѓето е се потешко и потешко, Меѓутоа дека е се потешко, тоа го чувствуваме сите, а најмногу го чувствуваат невработените, го чувствуваат пензионерите, болните и луѓето во руралните средини.“

Јашари објаснува дека живееме во едно потрошувачко општество и тоа е одлика и влијание од западната култура и се повеќе граѓаните го прифаќаат таквиот начин на живот.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG