Достапни линкови

Беспарицата ќе ги остави граѓаните дома за Нова година


Поголемиот дел охриѓани и стружани ќе останат дома за Нова година, оти, како што велат, беспарицата си го прави своето. Тие со подлабок џеб ќе одат надвор од државата, а најмногу зантересирани имало за Будва.

Поголемиот дел охриѓани и стружани ќе останат дома за Нова година. Велат дека безпарицата си го прави своето, па затоа не размислувале празниците да ги поминат надвор од градот. Велат дека поминало времето кога оделе во хотел или пак некаде надвор од државата. Оние со кои разговараме велат дека не се чувствува ниту предновогодишна атмосфера и еуфорија.

Дома остануваме за празниците. Не јас не чувствувам новогодишна атмосфера, а порано се чувствуваше. Јас како бизнисмен порано за овие денови правев промет по 180.000 денари, а сега по 18.000 денари. Тоа говори дека моќта на граѓаните е слаба и чекаат од први до први и тоа е вистината.
Анкетиран граѓанин.

„Јас ќе останам во Охрид, бидејќи сум повозрасна особа и поинтимно би било дома. Можеби на плоштад ќе одам, бидејќи ќе има убава забава“, вели една охриѓанка.

„Јас останувам во Охрид. Имам двајца синови поголеми и тие имаат предност.“

РСЕ:Колку време не сте заминале надвор од Охрид?

„Па има години, од кога пораснаа децата.“

РСЕ:Дали и финансиската состојба си го прави своето?

„Па се си го прави своето и финансиската состојба“, вели друга охриѓанка.

„Дома остануваме за празниците. Не јас не чувствувам новогодишна атмосфера, а порано се чувствуваше. Јас како бизнисмен порано за овие денови правев промет по 180.000 денари, а сега по 18.000 денари. Тоа говори дека моќта на граѓаните е слаба и чекаат од први до први и тоа е вистината“, вели еден стружанец.

Во Охрид остануваме. Трошок е и дома да се направи, но за надвор е прескапо, па за повеќето од нас условите тоа не го дозволуваат.
Анкетиран граѓанин.

„Во Охрид остануваме. Трошок е и дома да се направи, но за надвор е прескапо, па за повеќето од нас условите тоа не го дозволуваат“, вели една охриѓанка.

Од туристичките агенции во Охрид и Струга велат дека и оние аранжмани кои ги продале за Нова година се од поевтините за разлика од минатото кога граѓаните оделе за празниците и до Египет.

„Има интерес од нашите граѓани од Охрид за поблиските дестинации. Доста имаме заинтересирани за Будва и веќе дел се реализирани. Поевтините дестинации се бараат годинава. Патуваат повеќе оние кои можат да си дозволат и тие имаат можност и преку интернет да си купат аранжмани“, рече Елида Битрак од ТА Елида турс од Охрид.

„Интересот е на доста слабо ниво посебно за стружани кои сакаат да патуваат надвор од Струга. Дестинации кои се интересни се поевтините и имаме голем интерес за Будва бидејки таму има добра забава. Стружани најверојатно празниците ќе ги поминат во своите дома“, рече Анкица Крстаноска од туристичката агенција Аура травел од Струга.

XS
SM
MD
LG