Гостите од соседна Бугарија ќе бидат најбројни на охридско струшкото крајбрежје за новогодишните празници. Хотелиерите се задоволни од исполнетоста на своите капацитети во кои ќе престојуваат и туристи од другите соседни држави.
Најголем број на гости доаѓаат од соседна Бугарија и тоа околу 90 проценти и останатиот дел се наши редовни гости од Србија, Хрватска и од Македонија, и дел гости од Албанија.Ана Јанчева, менаџер во струшкиот хотел Дрим.
Ана Јанчева, менаџер во струшкиот хотел Дрим, вели дека нивниот хотел е целосно распродаден и оти за оваа Нова година на гостите ќе им понудат и дополнителни содржини.
„Најголем број на гости доаѓаат од соседна Бугарија и тоа околу 90 проценти и останатиот дел се наши редовни гости од Србија, Хрватска и од Македонија, и дел гости од Албанија. Аранжманите се движат од 119 евра за два дена, 159 за три и 190 за четири дена. Оваа година направивме новитет и пакетите вклучуваат и крстарења со брод. Мислам дека трендот на бугарски гости не е само кај нас туку е и во другите хотели. Не очекува една одлична Нова година за сите хотелиери и за целото крајбрежје“, рече Јанчева.
Три дена за нас значи само плус некоја добивка за да го поминеме јануари, но некоја добивка не е, бидејки тоа трае многу кратко. Угостителите се радуваат на тие два три дена бидејќи ќе свртиме некој денар.Љупчо Патче, сопственик на угостителски објект во Охрид.
Во Струга и на овој први јануари на плажата пред хотел Дрим ќе се организира т.н ручек со лебедите каде ќе се нудат македонски специјалитети и греано вино и ракија.
Цените за дочек на Нова година во охридските кафулиња и ресторани се прилично „солени“ оваа година и се движат од 30 до 50 евра.
Љупчо Патче сопственик на угостителски објект во Охрид, вели дека од економски аспект три дена колку што гостите би престојувале во Охрид нема да донесат кој знае каква добивка за нив.
„Три дена за нас значи само плус некоја добивка за да го поминеме јануари, но некоја добивка не е, бидејки тоа трае многу кратко. Угостителите се радуваат на тие два три дена бидејќи ќе свртиме некој денар. Сиромаштијата го прави тоа. Ми се чини дека ќе има гости во Охрид за Нова година, иако ситуацијата не е сјајна“, рече Патче.
Љупчо Паневски, сопстевник на работилница за изработка на стара хартија, вели оти најавите се дека оваа Нова година ќе биде една од поуспешните за Охрид.
„Им презентираме на гостите рачна изработка на хартија. Секогаш имаме да додадеме нешто ново во начинот на презентирање на постапката. Тука е Гутенберговата преса на која им го покажуваме начинот на првото печатење. Така да ги дочекуваме нашите гости и се надевам дека ќе бидат задоволни од она што ќе го видат овде и што ќе го понесат како спомен“, рече Паневски.
Охрид и Струга веќе се украсени и се подготвени за дочекот на новогодишната ноќ. Во Охрид ќе има дочек и на градскиот плоштад каде посетителите ќе ги забавува Владо Јаневски.