Како позитивна вест за целиот Балкан, но и како добар импулс за македонската економија е оценета најавата на Кина за нов инвестициски фонд за Централна и Источна Европа од страна на домашните економисти. Ако досега имаше само добра намера од кинеска влада, саемот во Белград е доказ дека ваквите најави за инвестиции би можеле да бидат реално остварливи, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.
Добро е тоа што се инвестира во стратешки проекти коишто владата постојано ги најавува, Коридорите 8 и 10 и инвестиции во обновливи енергии, коишто владата постојано ги најавува, но нема капацитет да ги спроведе, сега со овие пари ќе има дополнителен импулс за остварување на овие работи.Висар Адеми, економски аналитичар.
„Добро е тоа што се инвестира во стратешки проекти коишто владата постојано ги најавува, Коридорите 8 и 10 и инвестиции во обновливи енергии, коишто владата постојано ги најавува, но нема капацитет да ги спроведе, сега со овие пари ќе има дополнителен импулс за остварување на овие работи“, вели Адеми.
Со сличен став и економскиот аналитичар Зоран Витанов. Кинезите инвестираат во инфраструктурата, а освен тоа што таквите проекти враќаат пари за инвеститорот и го помагаат стопанството, тие му се потребни на Балканот, вели Витанов. Она на што тој укажува е потребата од инвестиции по пат на јавно-приватно партнерство.
Владата да размислува за инвестиции по пат на јавно-приватно партнерство за тие капитални инфраструктурни инвестиции после 20 или 30 години да останат во сопственост на државата, затоа што ако не се внимава на тоа, тогаш тоа ќе биде инфраструктура што не е наша сопственост, а тоа може да се претвори во експлоатација.Зоран Витанов, економски аналитичар.
„Владата да размислува за инвестиции по пат на јавно-приватно партнерство за тие капитални инфраструктурни инвестиции после 20 или 30 години да останат во сопственост на државата, затоа што ако не се внимава на тоа, тогаш тоа ќе биде инфраструктура што не е наша сопственост, а тоа може да се претвори во експлоатација“, вели Витанов.
Но, можниот инвестициски бум на Кина би можел да предизвика и негативни последици. Адеми вели дека економската зависност би можела да повлече и политичка конотација.
„Гледам дека има струи во земјата што велат дека нам не ни треба ЕУ ако ја имаме Кина и тоа би можело да претставува додатна мотивација за луѓето што ја бранат оваа теза“, изјави Адеми.
Витанов нагласува дека најавените инвестиции на кинеската влада се реално остварливи, особено затоа што на земјава ѝ се неопходни такви капитални инвестиции кои според него би требало да бидат регионални проекти што ги заштитуваат интересите на државата и на потенцијалниот инвеститор. Витанов вели дека негативни последици би можеле да се јават само доколку инвестициите би биле во трајна сопственост на инвеститорот, а не по пат на јавно-приватно партнерство.
„Замислете проектот Вардарска Долина, односно пловен Вардар, да биде туѓ, да не биде во сопственост на граѓаните на Република Македонија или замислете ние да мораме постојано да плаќаме патарини колку што ќе ни се наложи на автопат исток-запад на пример. Во таков случај ние прифаќаме да бидеме робови во сопствената држава, ама не верувам во толкаво незнаење и во толкава неодговорност на ниту една влада“, вели Витанов.
Вчера македонскиот премиер Никола Груевски најави дека од интерес и на народите од Европа, но и на кинескиот народ, да имаат заедничка соработка во насока на подобрување на вкупните услови за живот. Во своето обраќање тој нагласи дека во државата во моментот се реализираат три автопатски делници и се работи на железничко поврзување со Бугарија. Два од автопатите се реализираат со заем од Кина во износ од повеќе од 600 милиони евра.