Достапни линкови

Посебна зона за кинески инвеститори?


Македонската Влада е подготвена да отвори посебна економска зона за кинески инвеститори, понуди премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Кина. За опозицијата и бизнисмените поважен е профитот отколку нова индустриска зона.

Оваа понуда вчера при посетата на Кина Премиерот Никола Груевски вчера му ја даде оваа понуда на Вен Џибао, Претседателот на Државниот совет на Народна Република Кина.Македонската Влада е подготвена да отвори посебна економска зона за кинески инвеститори. Премиерот Никола Груевски вчера му ја даде оваа понуда на Вен Џибао, Претседателот на Државниот совет на Народна Република Кина. За опозицијата на инвеститорот му се потребни услови во кои ќе оствари профит, за што не е потребна посебна економска зона покрај веќе постоечките. За дел од бизнисмените пак, целата работа е хипотетичка и за сега кинеските инвеститори не изразиле интерес, поради што за сега можноста за профит не е реална. Марјанчо Николов од опозициската СДСМ вели дека во Македонија веќе има индустриски зони со изградена инфраструктура и слободни места за потенцијални инвеститори.

„Во Република Македонија веќе има изградена технолошко индустриска развојна зона, со сите инфраструктурни објекти, почнувајќи од патишта, електрична инсталација итн. На која што има многу слободни парцели затоа што нема инвеститори. Така што мислам дека нема потреба да се нуди посебна зона, за точно одредена земја.“
Најбитни се условите, можноста да се оствари профит од вложената инвестиција во Македонија. Мислам дека ниту има потреба од од посебна зона, ниту тоа е некоја предност што би ги привлекла инвеститорите, најбитни се условите за остварување профит


Николов смета дека приоритет на било кој инвеститор е да оствари профит, а посебна економска зона, покрај веќе постоечките, не е гаранција за тоа.

„Најбитни се условите, можноста да се оствари профит од вложената инвестиција во Македонија. Мислам дека ниту има потреба од од посебна зона, ниту тоа е некоја предност што би ги привлекла инвеститорите, најбитни се условите за остварување профит.“

Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека економска зона посветена на инвеститори од одредена држава подразбира бенефицираност:

„Тоа е бенефицираност и незнам дали според европските критериуми може некој да биде повластен и бенефициран. До сега јас немам слушнато дека има одредени зони во светот кои што се подаруваат и се прават за одредени држави.“

Темелковски додава дека било кој инвеститор е поволен за македонската економија. Владата до сега не размислувала дали кинеската економска зона ќе се изгради во рамките на веќе постоечките зони или ќе се избира нова локација. Власта чека да се огласат кинеските инвеститори. Според Темелковски, за сега може само да се шпекулира за ефектите од инвестициите во отсуство на реален интерес од кинеска страна.
XS
SM
MD
LG