Градовите од Балканот со кои Охрид е збратимен во иднина ќе развиваат соработка и на економски план. Последната средба неодамна во Охрид, претставниците на неколку општини ја искористија да разменат искуства и идеи околу таквиот вид на комуникација.
За тоа имаме и причини затоа што имаме исти проблеми и мислам дека заеднички сме многу посилни. Краљево некогаш беше голем индустриски центар, но ние со Охрид можеме да соработуваме во делот на туризмот.Сретен Јовановиќ, претседателот на собранието на српската општина Краљево.
Претседателот на собранието на српската општина Краљево, Сретен Јовановиќ рече дека градовите кои некогаш биле дел од една иста држава добро е да почнат да развиваат регионална соработка.
„За тоа имаме и причини затоа што имаме исти проблеми и мислам дека заеднички сме многу посилни. Краљево некогаш беше голем индустриски центар, но ние со Охрид можеме да соработуваме во делот на туризмот. Ние ја имаме Врњачка бања, Ватрушка бања и други бањи, а можеме да помогнеме на планот на верскиот туризам и се надеваме дека преку тие активности ќе успееме да направиме многу за нашите општини. Јас предложив да има средба помеѓу бизнисмените и стопанските комори од двете општини со што ние политичарите ќе им ја отвориме вратата на соработка“, рече Јовановиќ.
Покрај развивање на блиски пријателски и братски односи во основата лежи и економската соработка, развој на економијата и размена меѓу градовите.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески рече дека едно од основите начела на актите на збратимување со градовите е економската соработка.
„Покрај развивање на блиски пријателски и братски односи во основата лежи и економската соработка, развој на економијата и размена меѓу градовите. Она што е наш посебен интерес е презентација на богатото културно и историско наследство на Охрид како можност за развој на туризмот и привлекување на гости“, рече Бакрачески.
Зоран Јовановиќ член на градскиот совет на Крагуевац рече дека тие како општина можат на Охрид да му помогнат во делот на обезбедување контакти со челниците на фабриката ФИАТ која од 2008 година има свој производствен погон во овој српски град.
„Ќе се обидеме да го поврземе Охрид со луѓето од ФИАТ и ќе се потрудиме да направиме некаква соработка. Истото го направивме и со Бар. Овој град направи контакти со ФИАТ и повеќе од 100 илјади автомобили поминаа низ Бар. Зошто и Охрид да не биде соработник и добавувач на ФИАТ. Ние на градските власти во Охрид ќе им овозможиме контакт со ФИАТ, да дојдат во Крагуевац да разговараат со луѓето од компанијата, да ги кажат своите услови за соработка, а ние можеме да им помогнеме како општина. Во моментот повеќе од 4.000 луѓе од Крагуевац работат во ФИАТ“,рече Јовановиќ.
Охрид во минатото беше голем соработник со Крагуевац во делот на автомобилската индустрија.
Будва пак му стои на располагање на Охрид во делот на туризмот, како најголем туристички центар во Црна Гора па и пошироко. Препознатливоста на Будва е резултат помеѓу другото и на добриот маркетинг и на успешната државна политика. Црна Гора важи за држава каде капиталот е потполно сигурен и поради инвеститорите кои Будва ја препознаа како сигурно место за вложување во својот капитал, велат од Општина Будва.