Достапни линкови

Партиски судир за развојните програми на Охрид


Буџетските плановите на власта во Охрид за следната година се само список на желби, без конкретни рокови и чинење, обвинува опозицијата. Сите програми се квалитетно изработени и се резултат на потребите на градот, се брани власта.

Развојната фискална стратегија за Охрид за 2015 година не нуди ништо ново и претставува само препис на она што било предвидено во програмата за 2014 година, без притоа да има конкретна реализација на истата, обвинува опозицијата во Охрид.

Секоја фискална стратегија треба да ја носиме во склад со забелешките и барањата на граѓаните. Ние добивме само одреден список на желби како треба и што треба да се работи наредната година.
Јован Стојаноски, СДСМ.

Власта ни достави само список на активности кои се планираат да се извршат, но никаде не е наведена временската рамка и колку ќе изнесува секоја од планираните активности, рече Јован Стојаноски од СДСМ. Според него ваквиот начин на буџетско планирање е сосема погрешен и не дава приказ како тие програми ќе бидат извршени.

„Секоја фискална стратегија треба да ја носиме во склад со забелешките и барањата на граѓаните. Ние добивме само одреден список на желби како треба и што треба да се работи наредната година. Повеќето програми се насловени како развојни програми за период 2015-2017 година. Вака како што ни се прикажани програмите не можеме да добиеме впечаток и не можеме да констатираме дали тие програми можат ќе бидат остварени или не“, рече Стојаноски.

Некои од тие развојни програми точно е дека немаат точно определени рокови бидејки ние не можеме да претпоставиме колку судски спорови во кое време и како ќе завршат тие.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Стојаноски вели дека програмите за туризам и локален економски развој со мали промени целосно биле пресликани од оние од минатата година.

Јоне Станкоски од ВМРО-НП вели дека не постојат лоши програми, туку само лоша реализација на истите.

„Во изминатите две години скоро немаме никаква реализација од она што го носиме како програми. Затоа ние сме скептични дека овие програми ќе ги реализираме во наредниот период, а кои произлегуваат од потребите на граѓаните. И покрај инвестицискиот бум кој го очекувавме овие две години го немаме до сега“, рече Станкоски.

Градоначалникот, Никола Бакрачески, рече дека сите програми биле квалитетно изработени и се резултат на потребите на градот.

„Престои процес на јавна расправа во траење од 15 дена во која се вклучуваат сите субјекти на градот Охрид во креирање на дефинитвната верзија на развојната програма. Некои од тие развојни програми точно е дека немаат точно определени рокови бидејки ние не можеме да претпоставиме колку судски спорови во кое време и како ќе завршат тие“, рече Бакрачески.

XS
SM
MD
LG