За охридската опозиција, поставувањето на нови членови во управните и надзорните одбори во Јавните претпријатија и училиштата во градот, биле чисто партиски и според нив тие немале соодветно образование за извршување на една таква значајна функција. Опозицијата уште обвини дека ново поставените лица немале ниту еден работен ден и дека биографиите кои биле доставени по нивно барање укажувале на тоа.
Заради ставање на одредени лица кои немаат силни познавања со раководењето и управувањата со јавните претпријатија, ние се доведуваме во ситуација да години наназад јавните претпријатија да бележат негативни финансиски резултати.Јован Стојаноски, советник од СДСМ
Дејан Блажески советник од ЛДП на власта и порача дека треба да обрне внимание кого предлага за членови на управни и надзорни одбори.
„За да биде член на надзорен одбор треба да има високо образование, односно факултет од сферата на финансиското и материјалното работење, односно со завршен правен или економски факултет. Продолжувате со она што го ветувате пред избори со огромни партиски вработувања. На сите ќе ни тежи пред се моралот“, рече Блажески.
Јован Стојаноски советник од СДСМ рече дека праксата се повторува, а од 10 предложени кандидати пет биле невработени.
Нема да дозволиме шест лица и нивните 20 фирми да управуваат со Општина Охрид и на тие лица нивните жени да се во управни одбори како и нивните братучеди.Илија Арнаудоски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие во својата биографија навеле дека имаат само искуство со работа во невладини организации и тоа е под знак прашање дали ја имаат, а тоа е и едно вообичаено волонтирање во невладина организација. Заради ставање на одредени лица кои немаат силни познавања со раководењето и управувањата со јавните претпријатија, ние се доведуваме во ситуација да години наназад јавните претпријатија да бележат негативни финансиски резултати. Претпоставуваме дека се тоа само партиски послушници кои ќе ги подржуваат одлуките на директорот, а нема да има сериозна расправа“, вели Стојаноски.
Илија Арнаудоски советник од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ги менувале членовите на управните одбори затоа што сега било друго време.
„Сега ќе ви кажам зошто ги менуваме луѓето од управните одбори. Луѓето се менуваат зошто сега е друго време. Нема да дозволиме шест лица и нивните 20 фирми да управуваат со Општина Охрид и на тие лица нивните жени да се во управни одбори како и нивните братучеди. Нема да дозволиме моќта да се шири кај одредени личности“, рече Арнаудоски.
Димитар Спасевски секретар во Општина Охрид рече дека на опозицијата не и било јасно што се случува со управните и надзорните одбори.
„Граѓаните не можат да веруваат во луѓе кои денес се опозиција, а кои во минатото дозволиле шест бизнис групи и нивните 20 фирми да ги влечат сите средства од Општина Охрид и јавните претпријатија. Ние преземаме мерки за компетентно решавање на прашањето во овој дел“, рече Спасевски.