Достапни линкови

Политички препукувања за лизгалиштето во Охрид


Охридското лизгалиште, кое локалните власти го најавуваа како нова атракција за охриѓани и гостите, се претвори во политичка арена и место за собирање политички поени.

Охридското лизгалиште, кое локалните власти го најавуваа како нова атракција за охриѓани и гостите, се претвори во политичка арена и место за собирање политички поени.

Либералдемократите бараат од градските власти да одговорат што се крие зад проектот наречен лизгалиште и која е вистинската фирма која стопанисува со него.
Моето име беше споменато во контекст на тоа дека сум потпишувал некаков договор, а уште повеќе тоа беше предимензионирано дека тој договор практично претставувал некаква си афера. Тоа е неточно и невистинито и ќе ги преземам сите мерки кои законот ми ги дава за да го заштитам сопствениот углед.
Димитар Спасески, секретар на Општина Охрид.

Вториот човек во Општина Охрид, секретарот Димитар Спасески најави тужба против локалниот претседател на ЛДП во Охрид и советник во градскиот совет, Дејан Блажески, кој првично проектот Лизгалиште го нарече афера. Спасевски тврди дека сè е чисто и нема ништо спорно во целата работа и дека бројната посетеност била потврда дека тој проект бил успешен.
Архивска фотографија: Седница на Совет на општина Охрид.
Архивска фотографија: Седница на Совет на општина Охрид.

„Моето име беше споменато во контекст на тоа дека сум потпишувал некаков договор, а уште повеќе тоа беше предимензионирано дека тој договор практично претставувал некаква си афера. Тоа е неточно и невистинито и ќе ги преземам сите мерки кои законот ми ги дава за да го заштитам сопствениот углед“, рече Спасевски.
Нема да кажете колку електрична енергија се троши за лизгалиштето, колку чинеше поставувањето на електричен кабел и електрично броило и раскопувањето на улиците?
Дејан Блажески, советник од ЛДП во Општина Охрид.

Првенствено тврдеа дека договорот за лизгалиштето е потпишан со австриска фирма за да на крај соопштат која е фирмата од Охрид која стопанисува со лизгалиштето, вели Блажески од ЛДП.

„Слушнавме сè, само не одговори кои ги баравме како опозиција. Слушавме дека на лизгалиштето се склучувале бракови и дека на него лизгале децата. Во програмата за поставување на урбана опрема никаде не стои поставување на лизгалиште. И во измените и дополнувањето на програмата никаде повторно го нема лизгалиштето. Не знам по кој закон тврдите дека секторот ЛЕР има право да не објави тендер за тоа колку фирми ќе се јават на него. Со кое право ја избравте оваа фирма? Нема да кажете колку електрична енергија се троши за лизгалиштето, колку чинеше поставувањето на електричен кабел и електрично броило и раскопувањето на улиците?“, вели Блажевски.

Фирмата ДОО Маредо од Охрид е овластен претставник на Солкав ГМБХ од Виена. И за тоа е доставен договор, одговори Спасевски.

„Маредо добива фискална каса од УЈП, се издаваат фискални сметки за користење на секој термин за користење на лизгалиштето. До нас од страна на Солкав груп стигна известување во кое тие не известуваат дека лизгалиштето може да се користи слободно и дека општина Охрид нема обврска да плаќа за закуп на истото. Се работи за кристално чист договор, на кој некој од за нив познати политички причини сакаше да му фрли одредена сенка. На лизгалиштето се случуваат многу значајни животни настани како што е склучување бракови“, рече Спасевски.

Со оглед на тоа што ова лизгалиште уште од првиот ден стои во програмата за поставување урбана опрема, мене ми е нејасно како еден советник нема информации што се случува односно како тоа функционира, вели Спасовски. Блажевски, пак, рече дека очекува секретарот Спасевски да ја процесуира тужбата против него.
XS
SM
MD
LG