Иако е рано за избори, во Охрид политичките партии на големо стрелаат едни кон други со обвинувања за начинот на работење, ветени, а не реализирани проекти. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како да влегоа во предизборниот барабан во Охрид. Последно во серијата препукувања е кратењето на буџетот на општината за цели три милиони евра и сега тој тежи околу 13 милиони евра.
Од СДСМ обвинуваат новата градска власт во Охрид работела врз основа на импровизации и паушални прогнози.
„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во последните 6 месеци реализира само едно големо ништо, односно оствари тројно промашување: прво, иако имаше доволно време за тоа, не изготви ниту еден издржан проект, што би ги задоволил условите да биде одобрен и финансиран од ветениот кредит; второ, донесе нови развојни програми, за кои се покажа дека се неостварливи, нереални и предимензионирани; и трето, прво го зголеми буџетот за 3 милиони евра, па од кога не успеа да го добие ветениот кредит од својата сопствена централна власт, тогаш,
по принципот – пу, пу не важи, го скрати за, замислте неверојатни 33 проценти. Тоа се прави во услови на „недај Боже“, во услови на вонредна состојба“, рече Александар Кузески, портарол на СДСМ- Охрид.
На седницата одржана уште во месец јуни мнозинството предводено од ВМРО- ДПМНЕ донесе „нови програми“. Советниците од опозицијата тогаш тврдеа дека тоа се измени и дополнувања на веќе донесените програми на овие дејности. Сега по 5 месеци истите тие ставки и дел од претходните ги кратат во делот за финансирање или целосно ги бришат од ставките донесени со како тие милуваа да кажат новите програми. Нивната реализација, како што се фалеше новата градска власт од ДПМНЕ, требаше да биде покриена со кредит од 3 милиони евра велат од СДСМ
Од локалната самоуправа одговорија со контра аргумент. Финансиските средства од Светска Банка планирани во буџетот на општина Охрид за 2013 година не се класични банкарски средства туку тоа е кредитна линија за финансирање на инфраструктурни проекти. Новата локална власт, при превземањето на мандатот се соочи со фактот дека дотогаш Општина Охрид, немаше изработено ниту еден проект кој може финансиски да биде поддржан за реализација од кредитната линија на Светска банка рече Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид.
„Намалување на приходниот дел на буџетските средства во висина од приближно 167 милиони денари е во ставката за надомест на уредување на градежно земјиште или комуналии. На остварување на овој приход во најголема мерка влијаеше укинувањето на практикувањето на порамнување, односно законски недозволениот начин на плаќање со цесии, асигнации и компензации“, рече Џамтоски.
Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во последните 6 месеци реализира само едно големо ништо, односно оствари тројно промашување.Александар Кузески, портарол на СДСМ-Охрид.
Од СДСМ обвинуваат новата градска власт во Охрид работела врз основа на импровизации и паушални прогнози.
„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во последните 6 месеци реализира само едно големо ништо, односно оствари тројно промашување: прво, иако имаше доволно време за тоа, не изготви ниту еден издржан проект, што би ги задоволил условите да биде одобрен и финансиран од ветениот кредит; второ, донесе нови развојни програми, за кои се покажа дека се неостварливи, нереални и предимензионирани; и трето, прво го зголеми буџетот за 3 милиони евра, па од кога не успеа да го добие ветениот кредит од својата сопствена централна власт, тогаш,
Намалување на приходниот дел на буџетските средства во висина од приближно 167 милиони денари е во ставката за надомест на уредување на градежно земјиште или комуналии.Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид.