Новиот претседател на ДИК Никола Рилковски кој е правник по професија, бил пратеник во Собранието од редовите на СДСМ во минатиот мандат и претседател на општинската организација во Охрид. Првиот негов приоритет ќе биде прочистување на избирачкиот список со цел организирање регуларни избори. Во последно време спорот со избирачкиот список е многу актуелен.
Експертите велат дека е важно да се има волја од власта и од државните органи кои се инволвирани, првенствено МВР и другите државни органи, да се ангажираат во целосно чистење и во проверка на податоците кои се внатре.
„Додека немаме искрена политичка волја од страна на власта да имаме исчистен избирачки список, но бидејќи тие се оние кои ги доставуваат податоците во Државната изборна комисија, ние не можеме да имаме веродостоен список“, изјави професор Рената Десковска.
Неодамна СДСМ реагираа дека МВР не само што го составува избирачкиот список туку на иста адреса запишува по 74 граѓани на кои им издава лични карти и ги внесува во списокот. Во врска со ова министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одговори дека ДИК е надлежна за избирачкиот список и дека министерството може само да
помогне. Таа додаде дека сите податоци со кои располага МВР благовремено ќе ги доставува до институциите кои се надлежни за понатамошна обработка. Ова предизвика различни коментари. Очигледно е дека во последно време беа констатирани сериозни пропусти во однос на точниот број на избирачи. Видовме ситуација во која на минатите избори по 60 лица беа запишувани на иста адреса односно дека станува збор за фиктивни адреси, а за реални, посетува професор Рената Десковска.
„Тоа е исто како да се каже дека Државната изборна комисија ги издала тие лични карти на шеесет и кусур луѓе на иста адреса.“
Во врска со избирачкиот список професор Осман Кадриу нагласи дека избирачкиот список е во надлежност на повеќе институции. Освен МВР обврски има и Министерството за правда, особено единиците што дејствуваат во рамки на општините, а сепак значајна надлежност има и ДИК, рече Кадриу.
„Секое од овие тела не е самостојно и автономно за да може целата работа да ја заврши, меѓу овие органи треба да се заврши во една координација, синхронизација и соработка со повлекување на надлежностите на секој орган посебно.“
Никола Рилкоски на позицијата претседател на ДИК доаѓа по предлог на СДСМ. Избран е без расправа и без дискусија во Собранието. Тој беше единствениот кандидат на огласот и доаѓа по оставката на Борис Кондарко од функцијата.
Експертите велат дека е важно да се има волја од власта и од државните органи кои се инволвирани, првенствено МВР и другите државни органи, да се ангажираат во целосно чистење и во проверка на податоците кои се внатре.
Тоа е исто како да се каже дека Државната изборна комисија ги издала тие лични карти на шеесет и кусур луѓе на иста адреса.Рената Десковска, универзитетски професор.
„Додека немаме искрена политичка волја од страна на власта да имаме исчистен избирачки список, но бидејќи тие се оние кои ги доставуваат податоците во Државната изборна комисија, ние не можеме да имаме веродостоен список“, изјави професор Рената Десковска.
Неодамна СДСМ реагираа дека МВР не само што го составува избирачкиот список туку на иста адреса запишува по 74 граѓани на кои им издава лични карти и ги внесува во списокот. Во врска со ова министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одговори дека ДИК е надлежна за избирачкиот список и дека министерството може само да
Секое од овие тела не е самостојно и автономно за да може целата работа да ја заврши.Осман Кадриу, универзитетски професор.