Кога ќе се преземат мерки за превенција од поплавите во Куманово и обесштетување на поплавените граѓани? Зошто целосно не функционира јавното осветлување за кое граѓаните редовно плаќаат? Дали и кога ќе се намали цената за паркинзите и уште неколку други прашања од значење за граѓаните во најголемата локална самоуправа во државава, советничката група од Коалицијата „За подобра Македонија“ ги постави на прес конференција, а не на седницата на Советот во Куманово.
на кое било прашање од градоначалникот добивавме сè еден ист одговор. Одговорот во кратки црти беше -Немаме пари, немаме пари,немаме пари. Сето тоа ќе го завршиме кога ќе имаме пари.Драган Петковски, ВМРО-ДПМНЕ.
При тоа беа изнесени и критики за работата на градоначалникот изминатата година ипол од неговиот трет мандат. Имајќи ја предвид неодамнешната изјава на градоначалникот Зоран Дамјановски дека со опозицијата нема комуникација, дека таа се одвива главно преку прес конференции, а медиумите не се во состојба тоа целосно да го пренесуваат на јавноста.
„Луѓето се во една конфузија. Треба дефинитивно дебата, кој е одговорен за кои позиции во општеството. Тука имаме можност, ако имаме добра волјa да дебатираме пред јавноста.“
Запрашаните од опозицијата велат дека нивниот молк е поради праксата на сите нивни прашања од градоначалникот и од локалната администрација да добиваат ист одговор.
Би требало јавно да се каже и да се дискутира. Проблем се решава кога се дискутира.Анкетиран граѓанини.
„Го знаеме одговорот однапред. На последните неколку седници на Советот кога на дневен ред беа советнички прашања, на кое било прашање од градоначалникот добивавме сè еден ист одговор. Одговорот во кратки црти беше -Немаме пари, немаме пари, немаме пари. Сето тоа ќе го завршиме кога ќе имаме пари“, забележува Драган Петковски координатор на советничката група на опозиционата коалиција и додава дека нивните прашања биле користени и за маркетинг на локалната власт, одговорите не коенцидирале со поставените прашања, па дури некои прашања биле прифаќани со иронија и исмејување.
Како работи општинскиот Совет и дали на седниците има дискусии, препукувања помеѓу власта и опозицијата, кумановци се главно недоволно информирани и незаинтересирани. Некои од запрашаните велат дека според нивните сознанија советниците од двете коалиции меѓу себе добро комуницираат.
„Мислам дека треба да има. Секако дека е подобро да има комуникација.“
„Од искуството што го имам, советниците во Советот на Општината Куманово и од власта и од опозицијата, на седниците имаат комуникација и дискутираат на седниците. А не преку прес конференции. Добро комуницираат.“
„Би требало јавно да се каже и да се дискутира. Проблем се решава кога се дискутира. Со сигурност знам дека советниците во овој состав на Советот меѓу себе имаат прекрасна комуникација. По мене лично, подобро е тука да се дискутира, а не преку прес конференции.“
„Мислам дека тоа може да им се укаже, дека може да се отвори дијалог и да се дискутира, зошто преку прес или зад грбот на градоначалникот. Тоа е моето мислење, не знам дали е така“, велат некои од запрашаните граѓани.