Достапни линкови

Куманово се бори со блокадата од централната власт


Куманово е под силна финансиска пресија од централната власт, вели градоначалникот Зоран Дамјановски. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека локалната власт своите грешки во менаџирањето ги префрла на централната власт.

Сите структури од централната власт веќе деветта година ја држат општината Куманово под силна финансиска пресија. Трезорска блокада за кредитот од 2001-та година од Европска банка за развој, за стари експропријации и уште многу пречки за нормално функционирање, раскажува градоначалникот Зоран Дамјановски. Меѓутоа, тој додава дека Куманово е на добар пат да се справи со сето ова.
Девет години во Општина Куманово, Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема инвестирано ниту еден проект. Се прават технолошки развојни зони, Куманово се исфрла од таа агенда. Капитални инвестиции не постојат во Куманово.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.


„Куманово за две ипол години врати седум ипол милиони евра и дефинитвно е на добар пат да го исчисти долгот. Осумдесет и пет насто од долгот го расчистивме, остануваат уште две рати од кредитот кои ќе бидат расчистени до јануари идната година и со тоа Општината доаѓа на позиција да ги расчисти повеќедециниските стари долгови и кои се според мене, со фискална децентралицазија преземени од државата, бидејќи тогаш денационализацијата и сите тие процеси од предкредитирањето ја преземаше Владата, а потоа со Законот за јавен долг припадна на локалните самоуправи.“
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Тој вели дека сите напластени долгови по основ на програми како што се развојна, зелена, спортски, културни ќе настапуваат со нов развоен план во наредниот тригодишен период, а Куманово ќе има екстензивна градба, со надеж дека нема да биде ускратено правото од Министерството за финансии за проекти во интерес на граѓаните. Оптимист е и дека наредните три години Куманово ќе има инвестиции од над шест-седум милиони евра за да почне да ги надминува проблемите. Дамјановски смета дека граѓаните ја разбрале неповолната политички мотивирана позиција пред изборите и големото искушение пред кое била ставена локалната самоуправа.
Локалната власт во Куманово своите неспособности и грешки во менаџирањето ги префрла на централната власт. И превработеноста во јавните претпријатија и партиските вработувања во истите претпријатија ги префрла на централната власт.
Драган Петковски советник во општинскиот Совет од ВМРО-ДПМНЕ.


Со оглед на тоа што централната власт сосема ја дезавуира оваа Општина, Дамјановски појаснува:

„Девет години во Општина Куманово, Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема инвестирано ниту еден проект. Се прават технолошки развојни зони, Куманово се исфрла од таа агенда. Капитални инвестиции не постојат во Куманово. Реновирани се 140 училишта, а ниедно во Куманово, изградени се 50-60 градинки, ниту една во Куманово. Тоа укажува на концептот на економскиот развој што Владата го прави според нивни политички мотивирани задачи и цели за да ја покаже моќта на владеењето на централно ниво и да ја освои оваа последна „тврдина“. Особено многу тешко им падна поразот во 2013-та година во Куманово.“
Драган Петковски.
Драган Петковски.

Дамјановски смета дека партиско-политичките битки се водат само во текот на изборите. Се она по изборниот резултат и владеењето треба да биде во интерес на сите граѓани. Според него, последните избори покажале дека програмите се насочени само кон одредено гласачко тело.

Од друга страна Драган Петковски советник во општинскиот Совет од локалната опозиција ВМРО-ДПМНЕ смета дека:

„Локалната власт во Куманово своите неспособности и грешки во менаџирањето ги префрла на централната власт. И превработеноста во јавните претпријатија и партиските вработувања во истите претпријатија ги префрла на централната власт. “

За блокираната сметка поради денационализацијата Петковски додава:

„Тоа е минорна сума во однос на вкупните долгови на Општината.“

Зависно од партиската определеност граѓаните или ја критикуваат локалната или централната власт. Поддржувачите на локалната власт се чини имаат разбирање за проблемите предизвикани од централната власт, оние другите пак сметаат дека локалната власт работи несоодветно и постојано ја обвинуваат за според нив, индолентноста и неспособноста. Оние пак кои за себе велат дека се партиски неопределени сметаат дека без соодветна соработка со централната власт, Куманово тешко ќе може да се справи со проблемите.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG