Куманово, најголема локална самоуправа во државава нешто помалку од една деценија генерално се соочуваше со медиумски мрак. По згаснувањето на некогаш државните Радио и ТВ Куманово и неделникот „Наш Весник“, неколку други локални весници, телевизии и радиа, остана само една локална ТВ на македонски јазик, две-три радиа, една до две ТВ и уште толку радиа на албански јазик, неколку интернет портали. Кумановци велат дека за добро информирање тоа не е доволно.
Со стартот на нов неделен весник „Плоштад“, се чини на градот и Општината ќе им се случи барем малку информативна светлина.
Како кумановци се информираа изминатите години, што им недостасуваше и дали информирањето во кое ќе биде опфатен севкупниот живот на граѓаните е неопходно за сите возрасти неколкумина запрашани велат:
„За настаните во Куманово се информирав преку дописниците на националните медиуми кои информираа за покрупните настани. Имаме и еден портал, но во Куманово недостасуваше печатен медиум, кој што ќе опфаќа повеќе теми и содржини.“
„ Има само една локална ТВ на македонски јазик, вестите се однапред снимани. Информирањето беше главно преку портали,некои се појавуваа и набргу згаснуваа,некои опстанаа, но за жал не ја задоволуваа нашата
жед за информации и не бевме доволно информирани за случувањата во Куманово. Бевме информирани, но подоцна. “
Информирањето преку интернет порталите е недостапно за сите популации, особено за оние повозрасните. А само порталите според запрашаните не можат да бидат вистински извор на информации.
РСЕ: Имавте ли чувство дека Куманово живее во медиумски мрак?
„Да. Имав чувство затоа што пласираните информации беа презентирани само од една гледна точка, немаше судир на ставови, на видувања, што не е здраво за една демократија кон каква се стремиме ние. “
„Со оглед на тоа што Куманово е многу малку застапено во националните медиуми и тоа претежно се настани од политичкиот и јавниот живот, а не со она што го интересира обичниот граѓанин. Мислам дека на Куманово му требаше особено печатен медиум, каде што граѓаните ќе можат да се потсетат на старите добри времиња, да си купат „новина“ кумановски кажано. Не само да се информираат,туку и да се релаксираат, едуцираат. Тоа го немаше. Се појавија некои портали кои не се добро разработени туку се некако сервисни, нудат информации од типот на она што можете да го слушнете и на улица и на плоштад, црна хроника и многу малку култура. Животни приказни,граѓански проблеми, локални иницијативи,живот на млади и повозрасната популација воопшто не беа застапени“, велат запрашаните кумановци.
Марјан Петрушевски кој вложува сопствени средства за издавање весник вели дека три години живеел со оваа идеја.
„Главната причина е тоа што состојбата со медиумите во Куманово е катастрофална. Граѓаните на град со преку сто илјади жители немаат никаде простор за да се информираат што се случува. Идејата моја и на мојот тим е да направиме медиум каде што ќе се информираат граѓаните за случувањата во кабинетот на градоначалникот Дамјановски, за тоа како работи Советот, што се случува во партиите и да му дадеме можност и на обичниот човек да си ги каже своите проблеми,фирмите во Куманово исто така да кажат со какви проблеми се соочуваат. Јасна е математиката, но моја логика е дека храбрите успеваат.“
Дека храброста не му недостасува на овој своевиден ентузијаст укажува и тоа што дистрибуцијата на весникот ќе биде сопствена, се со цел граѓаните на Куманово да здогледаат светла точка во долгогодишниот медиумски мрак. Можеби тоа ќе биде поттик и за некои печалбари повратници кои своите заработувачки ќе ги вложат во медиум, зашто како што велат кумановци, за успех е неопходна и добра конкуренција.
За настаните во Куманово се информирав преку дописниците на националните медиуми кои информираа за покрупните настани. Имаме и еден портал, но во Куманово недостасуваше печатен медиум, кој што ќе опфаќа повеќе теми и содржини.Анкетиран граѓанин.
Со стартот на нов неделен весник „Плоштад“, се чини на градот и Општината ќе им се случи барем малку информативна светлина.
Како кумановци се информираа изминатите години, што им недостасуваше и дали информирањето во кое ќе биде опфатен севкупниот живот на граѓаните е неопходно за сите возрасти неколкумина запрашани велат:
„За настаните во Куманово се информирав преку дописниците на националните медиуми кои информираа за покрупните настани. Имаме и еден портал, но во Куманово недостасуваше печатен медиум, кој што ќе опфаќа повеќе теми и содржини.“
„ Има само една локална ТВ на македонски јазик, вестите се однапред снимани. Информирањето беше главно преку портали,некои се појавуваа и набргу згаснуваа,некои опстанаа, но за жал не ја задоволуваа нашата
Главната причина е тоа што состојбата со медиумите во Куманово е катастрофална. Граѓаните на град со преку сто илјади жители немаат никаде простор за да се информираат што се случува. Идејата моја и на мојот тим е да направиме медиум каде што ќе се информираат граѓаните за случувањата во кабинетот на градоначалникот Дамјановски, за тоа како работи Советот, што се случува во партиите и да му дадеме можност и на обичниот човек да си ги каже своите проблеми, фирмите во Куманово исто така да кажат со какви проблеми се соочуваат. Јасна е математиката, но моја логика е дека храбрите успеваат.Марјан Петрушевски.