Достапни линкови

Власта упорно ги турка медиумските закони


Собранска расправа за законот за медиуми.
Собранска расправа за законот за медиуми.

Законите за медиуми се најдоа на собраниска седница и покрај противењето на медиумските здруженија и на опозицијата. За предлагачите станува збор за закон за приближување кон ЕУ.

Законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни услуги немаат поддршка од медиумските здруженија, ни од опозицијата, а за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ тие се во интерес на развојот на демократијата.
Македонија навистина заслужува професионални медиуми со независна уредувачка политика и ќе ги има, само прашање на време е кога тоа ќе се случи.
Тамара Чаусидис, претседател на Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Таа неверојатна упорност да се протурка еден регулаторен режим за сите медиуми, да се игнорира клучниот проблем со рекламирањето и потценувачкиот однос на владата кон медиумската заедница со пишување закони зад затворени врати и со глумење јавна дебата и пропагандна пресмета со секој што сакаше да укаже на слабостите не остава простор воопшто да се влегува во
Јавна дебата за законот за медиуми.
Јавна дебата за законот за медиуми.
повторување на забелешките, вели претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис.

„Синдикатот нема илузија дека законите ќе бидат донесени, ниту илузија дека проектот за загушување на критичката мисла ќе го намали интензитетот, ќе заслабне, но тоа не не спречува јавно и јасно да ставиме до знаење дека професионалните новинари се
Овие два закони, не се закони за слобода на изразување, туку напротив ќе се воведе на мала врата цензурата и ќе се загуши последниот критички збор и слободна мисла во земјата.
Весна Бендеска, СДСМ.
се уште тука, ги има дури и во колонизираните пропагандистички медиуми, можеби нивните битки се тивки, плаќаат висока цена за тоа, но тие не се сами и отпорот не е залуден. Македонија навистина заслужува професионални медиуми со независна уредувачка политика и ќе ги има, само прашање на време е кога тоа ќе се случи.“

Пратеничката на СДСМ Весна Бендевска вели дека очигледна е намерата на владата да стави своја рака врз сите медиуми, особено врз оние кои останаа неконтролирани со постоечкиот Закон за радиодифузија, електронските и печатените медиуми.

„Овие два закони, не се закони за слобода на изразување, туку напротив ќе се воведе на мала врата цензурата и ќе се загуши последниот критички збор и слободна мисла во земјата. Нема да добијат поддршка од пратеничката група на СДСМ.“

На една од собраниските расправи пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева рече дека медиумите не треба да се плашат за нивната слобода на изразување.
Правиме закон со кој Република Македонија сакаме да ја приближиме кон ЕУ.
Силвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ.

„Немојте да зборувате дека парламентарното мнозинство сака да ги замолчи медиумите, дека правиме закон со кој сакаме да ограничуваме слобода на говор. Напротив, правиме закон со кој Република Македонија сакаме да ја приближиме кон ЕУ. Закон со кој медиумите ќе бидат слободни, ќе можат во демократска атмосфера да творат, новинарите ќе бидат слободни и одговорност ќе имаат и сопствениците и уредниците кон кажаниот збор, но и кон новинарите“.

За предлагачот, министерот за информатичко општество Иво Ивановски целта на законите е да продолжат да се развиваат медиумите и да се заштитат новинарите од сопствениците.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG