На петтата по ред јавна расправа за Законот за медиуми и Законот за аудио-визуелни услуги, организирана од страна на Министерството за информатичко општество, учествуваа и експерти од Европската унија, од Советот на Европа и од ОБСЕ.
На дебатата немаше претставници на Македонскиот институт за медиуми и од Синдикатот на новинари и медиумски работници, затоа што воопшто не биле консултирани за потребата од донесување таков закон, кој сметаат дека не ги решава клучните проблеми во медиумскиот сектор и, како што велат, одбиваат да бидат само демократски декор во дебатата.
Од Иницијативниот одбор за ослободување на Томислав Кежаровски, во пресрет на дебата, соопштија дека во услови кога Кежаровски е во притвор не треба да се дебатира за каков било закон што се однесува на работата на новинарите и на медиумите.
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски им забележа на оние што не ги поддржуваат овие два закони и постапката во која тие се носат.
„Од нив не добивавме никакви предлози, само една конкретна тема да се изостават законите за медиуми и да се имплементира само директивата за аудио-визуелни медиумски услуги“, рече Ивановски.
На дебата, боите на „неподдржувачите“ на законот ги бранеше претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој го повтори својот став дека во Македонија не се проблем законите, туку проблем е државата која премногу се меша во медиумите. Селмани вели дека, ако се оди да се дефинира професијата и да се лиценцираат новинарите, тогаш тој има еден предлог.
„Да воведете во некој став или член во законот и униформа за новинарите, по можност некоја лента со давидова ѕвезда, па да одиме до крај“, рече Селмани.
Селмани му забележа на министерот што амандманите се носат во очи дебатата, па нема време да се погледнат за да може дебатата за нив да биде издржана. А што се однесува до констатацијата на Министерот, дека организациите што не дошле на дебатата, немале забелешки, Селмани вели дека тоа не е точно, затоа што заедно ги доставиле забелешките во Министерството.
Дел од новинарите кои учествуваа на дебатата имаа забелешки до странските експерти, околу нивните различните дефиницијата на професијата новинар и за начинот на кој тие пишуваат извештаи за медиумската слобода во Македонија.
На тоа експертите од ЕУ, Советот на Европа и од ОБСЕ одговорија дека нема перфектна дефиниција или перфектен закон , но она на што тие упатуваат е дека Македонија треба да ги користи искуствата од другите земја, за да не го изодува истиот пат, но треба законот да си го прилагоди на сопствените потреби и прилики.
„Ние даваме коментари врз основа на нашето искуство од различните земји и не постои разлика во суштината којашто ние ја дискутираме. Ние поинаку се изразуваме, се фокусираме на различни работи, можеби затоа тоа така изгледа, меѓутоа сите тука може да се сложиме дека даваме предлози врз основа на најдобрите меѓународни пракси. Тоа значи дека има различни начини да се прават работите“, изјави Катрин Ефкеимен од ОБСЕ.
Експертите нагласија дека нивна работа е само да го коментираат законот, а не и состојбите во земјата.
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски на ден пред дебатата предложи осум амандмани за предлог Законот за медиуми и 14 амандмани од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Медиумите не известуваат објективно
Граѓаните не веруваат во објективноста на медиумите, покажала анкетата што за потребите на Државната комисија за спречување на корупцијата, ги спровела агенцијата Рејтинг. Поразителни се резултатите од анкетата спроведена во ноември минатата година на репрезентативен примерок од 1.080 испитаници, рече Мирјана Димовска oд Државната комисија за спречување на корупција.
„Педесет ипет отсто од анкетираните сметаат дека медиумите во Македонија не известуваат објективно. Медиумите се продолжена рака на партиите за 83 отсто од испитаниците, а 81 процент сметаат дека постои врска меѓу бизнисот, политиката и медиумите“, рече Димовска.
Од нив не добивавме никакви предлози, само една конкретна тема да се изостават законите за медиуми и да се имплементира само директивата за аудио-визуелни медиумски услуги.Иво Ивановски, министер за информатичко општество.
На дебатата немаше претставници на Македонскиот институт за медиуми и од Синдикатот на новинари и медиумски работници, затоа што воопшто не биле консултирани за потребата од донесување таков закон, кој сметаат дека не ги решава клучните проблеми во медиумскиот сектор и, како што велат, одбиваат да бидат само демократски декор во дебатата.
Од Иницијативниот одбор за ослободување на Томислав Кежаровски, во пресрет на дебата, соопштија дека во услови кога Кежаровски е во притвор не треба да се дебатира за каков било закон што се однесува на работата на новинарите и на медиумите.
Да воведете во некој став или член во законот и униформа за новинарите, по можност некоја лента со давидова ѕвезда, па да одиме до крај.Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски им забележа на оние што не ги поддржуваат овие два закони и постапката во која тие се носат.
„Од нив не добивавме никакви предлози, само една конкретна тема да се изостават законите за медиуми и да се имплементира само директивата за аудио-визуелни медиумски услуги“, рече Ивановски.
На дебата, боите на „неподдржувачите“ на законот ги бранеше претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој го повтори својот став дека во Македонија не се проблем законите, туку проблем е државата која премногу се меша во медиумите. Селмани вели дека, ако се оди да се дефинира професијата и да се лиценцираат новинарите, тогаш тој има еден предлог.
Ние даваме коментари врз основа на нашето искуство од различните земји и не постои разлика во суштината којашто ние ја дискутираме. Ние поинаку се изразуваме, се фокусираме на различни работи, можеби затоа тоа така изгледа, меѓутоа сите тука може да се сложиме дека даваме предлози врз основа на најдобрите меѓународни пракси. Тоа значи дека има различни начини да се прават работите.Катрин Ефкеимен од ОБСЕ.