Достапни линкови

Медиумите незаинтересирани за човековите права


Контролата врз медиумите од страна на центрите на моќ, пред сè од владата, допринесуваат во опаѓањето на нивниот интерес за човековите права.

Опаѓа интересот на медиумите за човековите права, забележуваат од невладиниот сектор. Извршниот директор на Хелсиншкиот комитет во Македонија Уранија Пировска во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека знаците за медиумски мрак биле препознатливи уште кон крајот на минатата година.
Јас буквално сега се соочувам со момент да немам начин како да го промовирам тоа што претставува човеково право, како да го промовирам тоа што овој Комитет го констатирал во работата по поплаките на граѓаните, како да ги информирам граѓаните кое е нивното право.
Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет во Македонија.

„Јас буквално сега се соочувам со момент да немам начин како да го промовирам тоа што претставува човеково право, како да го промовирам тоа што овој Комитет го констатирал во работата по поплаките на граѓаните, како да ги информирам граѓаните кое е нивното право. “
Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет на Македонија.
Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет на Македонија.

Уредувачката политика секако го има последниот збор а истата е под влијание не само на сопствениците на медиумите туку и на центрите на моќ, смета Пировска.

„Гледаме, сведоци сме на тоа дека голем број на новинари едноставно се соочија со синдромот на автоцензура. Повторно ќе речам, затоа што пред сè тоа зависи од сопственикот на медиумот, од темите кои што тој и уредникот сметаат дека се погодни и одговараат на политиките кои што ги спроведува владата, бидејќи реков на почеток, тоа е констатација што сите ја знаат, дека во моментов постои окупација на медиумскиот просто и дека медиумите се главно под контрола на центрите на моќ. “

Влијание има и статусот на медиумите, како и на новинарите, забележува професор Осман Кадриу.

„Стои фактот дека самите медиуми се наоѓаат пред одредени проблеми околу нивниот статус и нивните права, прво како медиуми, а после и како луѓе кои ја работат оваа значајна дејност.“

Падот на слободата на медиумите секако има влијание на ваквата состојба, смета Кадриу.

„Сметам дека медиумите за да ја оправдаат својата позиција во општеството и својата улога и придонесот во оваа сфера, мора да продолжат во права смисла да бидат актери, треба да бидат и значаен фактор во остварувањето и во заштитата на човековите права.“

Проблемите со слободата на говор, еднаквиот пристап кон правдата, еднаквото третирање на граѓаните при спроведување на законите и заштита на работничките права се само дел од забелешките од граѓанскиот сектор во поглед на заштитата на човековите права.
XS
SM
MD
LG