Достапни линкови

Над 20 проценти од невработените во Битола се факултетлии


Фирмите во битолско претежно бараат факултетлии од техничките и информатичките области, а преовладуваат дипломирани учители, психолози, филозофи.

Надлежните тврдат дека бројот на невработени во Битола за краток период е намален од 17 илјади на 6.700. Но, се уште над 20 проценти од невработените се лица со високо образование. Фирмите во битолско претежно бараат факултетлии од техничките и информатичките области, а преовладуваат дипломирани учители, психолози, филозофи и друго.

Евиденцијата за Битола покажува дека невработени лица со високо образование има 1.400, останатите се со средно и основно образование. Најголем процент од неварботените се лица со основно образование кои немаат доволно вештини.
Јешим Сефуловска, директорка на Центарот за вработување од Битола.

„Ние нудиме работа за лица со факултети, на пример со Градежен, Машински факултет, бараме ветеринарен лекар, технолог со прехрамбен смер, продавачка, општи работници. Се занимаваме со книговодство, но луѓето на кои им водиме книговодство се заинтересирани за овие профили“, вели Нада Јовевска.

Според Јешим Сефуловска, директорка на Центарот за вработување од Битола, во евиденцијата најголем е бројот на невработени лица со основно образование, тие и најдолго чекаат вработување. Но, не е мал бројот ни на оние со висока наобразба.

Да не се следи групата, односно да не се оди кон општествени занимања кои ги имаме на претек во агенцијата и не се соодветни за ниту една работа. Да изберат вешина или техничко образование со кое директно од факултети ќе одат на работа.
Влатко Поповски, Директор на Агенцијата за вработување на Македонија.

„Евиденцијата за Битола покажува дека невработени лица со високо образование има 1.400, останатите се со средно и основно образование. Најголем процент од неварботените се лица со основно образование кои немаат доволно вештини. Работодавачите бараат лица со високо образование, со завршен Економски, Правен факултет или информатика. Од оние со средно образование келнери, шивачи, готвачи“, вели Сефуловска.

Директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски, вели дека ни Битола не отскокнува од трендот на зголемен број кадри од општествените науки во услови кога пазарот бара техничари, инженери и информатичари.

„Да не се следи групата, односно да не се оди кон општествени занимања кои ги имаме на претек во агенцијата и не се соодветни за ниту една работа. Да изберат вешина или техничко образование со кое директно од факултети ќе одат на работа. Во овој момент се повеќе млади завршуваат општествени занимања, гимназии кои буквално се несоодветни на пазарот на трудот. Тоа го покажуваат и приватните компании кои претежно бараат технички кадар кој ќе можат да го вклучат во својот работен процес“, изјави Поповски.

Со цел да не доаѓа до презаситеност од одредени образовани порофили во изминатите години згасна студиската програма за сообраќаен инженер, но катедра по сообраќај беше отворен на штипскиот универзитет. Понатаму Факултетот за администрација прерасна во Факултет за компјутерски науки и информатичка технологија. На Педагошкиот факултет продолжуваат со работа студиските програми за наставник по оделенска настава и воспитувач иако голем е бројот на невработени кадри од овие профили.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG