Достапни линкови

Средношколците носат оружје од страв


Средношколците велат дека не се чувствуват безбедно поради тоа што нивните врсници носат некаков вид на оружје, па се случува и тие да понесат оти се плашат, покажа истражувањето на МОФ на тема „Насилство помеѓу средношколците во етнички хомогени и хетерогени средини.

Многу ученици од средните училишта во Македонија сметаат дека оружјето е доста застапено помеѓу нивните врсници. Тие не се чувствуваат безбедно кога патуваат од дома до нивните училиштата, внатре во самите училишта, на автобуските станици или кога не се во нивните населби. Кај нив постои страв, бидејќи сметаат дека нивните врсници освен книги носат и боксирачи, ножеви, палки, пендреци па дури и пиштоли.

Оружјето се застапено меѓу средношколците. Тие манифестираат значајно насилно однесување. Овие резултати ни се значаен индикатор дека понатаму треба да се работи на мерки кои ќе ни овозможат справување со оваа проблематика.
Моника Божиновска, Младински образовен форум.

Вакви резултати покажа истражувањето на невладината организацијата Младински образовен форум на тема „Насилство помеѓу средношколците во етнички хомогени и хетерогени средини. Тие направиле анкета врз скоро 2.500 ученици, но велат дека бројките не можат да ја покажат вистинската состојба за застапеноста на оружјето, туку повеќе мислењето на учениците, кои дел од нив поради стравот од нивните врсници се изјасниле дека и самите носеле некаков вид оружје.

„Оружјето се застапено меѓу средношколците. Тие манифестираат значајно насилно однесување. Овие резултати ни се значаен индикатор дека понатаму треба да се работи на мерки кои ќе ни овозможат справување со оваа проблематика и мерки кои ќе ни овозможат да го превенираме овој проблем“, вели Моника Божиновска од Младинскиот образовен форум.

Сѐ се прави надвор од училиштето кадешто ние сме многу немоќни. Ќе ви дадам еден пример, кога беше Денон на знамето, 28 ноември, се случило тепачка и убод со нож надвор од училиштето, а во сите медиуми се пренесе дека тоа се случило во „Цветан Димов“, што не е точно.
Шаип Зендели, директор на средното училиште „Цветан Димов“.

Шаип Зендели, директор на средното училиште „Цветан Димов“, вели дека причините за ваквите појави можат да се бараат во социјалните мрежи, каде учениците се групираат и употребуваат говор на омраза, во дневно политичките содржини на вестите во медиумите, но и во лошото влијание на возрасните врз децата.

„Сѐ се прави надвор од училиштето кадешто ние сме многу немоќни. Ќе ви дадам еден пример, кога беше Денон на знамето, 28 ноември, се случило тепачка и убод со нож надвор од училиштето, а во сите медиуми се пренесе дека тоа се случило во „Цветан Димов“, што не е точно. Тоа се случило надвор, во близина на училиштето, но медиумите го направија тоа и по нивниот пренос ние потоа имавме огромни реакции од родителите, прашуваа кој, како, зошто“, вели Зендели кој додава дека деликвентните однесувања повеќе ги забележуваат кај децата со поизразени економски и социјални проблеми.

Младите растат во средина каде доминира насилството и се она што се случува во општеството се прелева во училиштата, вели психологот Ана Поп Ризова од средното училиште „Орце Николов“. Таа посочува дека во последно време најзастапени облици на насилство е меѓуврсничкото малтретирање кое е присутно и на социјалните мрежи, а проблемот претставуваат и навивачките групи кои прават инциденти кога има спортски натпревари.

„Постојано се менуваат формите на насилството и се случува многу често некои облици на насилство да имаме проблем да ги покриеме во зависност од регулативата, затоа што се нови и за нас се уште непознати, така да во принцип она што јас сметам дека треба да се направи е да се унапреди законската регулатива.“

Во 2013 година Министерството за внатрешни работи има регистрирано 184 случаи на насилство помеѓу ученици во основни и средни училишта, за истите кривично и прекршочно биле пријавени 260 сторители.

Средношколците не се чувствуваат безбедно
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG