Достапни линкови

Загрижувачка агресија кај младите


Тоа што повеќето средни училишта имаат сопствено обезбедување, не ја гарантира нивната безбедност, истакнува професор Горица Илиоска, поранешен претседател на здружението на директори на средни училишта во Скопје.

Појавата на тепачки меѓу средношколци кои завршуваат со употреба на нож и физички повреди кај инволвираните станува се почеста во македонското општество. Вознемиреност кај родителите предизвикаа последните неколку инциденти во Скопје и во Гостивар, а во кои баналните расправии завршија со физички пресметки и убоди од ладно оружје. Во една од скопските гимназии кои денеска ги посетивме, учениците велат дека досега во нивното училиште немало такви појави.

Во оваа гимназија до сега се немаме сретнато со таков проблем, ниту употреба на ладно оружје, ниту пак некои поголеми тепачки и физички малтретирања.
Изјава на средношколец.

„Во оваа гимназија до сега се немаме сретнато со таков проблем, ниту употреба на ладно оружје, ниту пак некои поголеми тепачки и физички малтретирања. Ние учениците сме заштитени и со обезбедување во училиштето“, вели еден ученик во средно училиште.

Но, иако не биле сведоци на некој таков инцидент, некои средношколци слушнале оти постојат две причини поради кои младите посегнуваат по оружје и при најмала вербална провокација.

Обезбедувањето на врата е далеку од она што треба да биде, тие не можат да ги прегледуваат сите деца што влегуваат, тие можат да внесат еден нож, оти колку сега има софистицирани ножеви, како може да му го најде? Замислете обезбедувањето да проверува по 1000 деца во смена.
Горица Илиоска, поранешен претседател на здружението на директори на средни училишта во Скопје.

„Родителите треба да преземат контрола дали нивните деца излегуваат со ножеви, а друго имам слушнато дека тоа некој го правел намерно за пари, ги потплаќа за да прават нереди.“

„Последно што чув дека имало и тепачка помеѓу група на машки и група на женски. Тоа е недостатокот на воспитување прво од страна на родителите, а потоа и од страна на образованите институции.“

Младите велат дека родителите мораат засилено да работат на зголемување на свеста кај средношколците, да се посвети повеќе внимание на едукацијата во која подеднакво треба да бидат вклучени педагозите, професорите и надлежните институции.

Тоа што повеќето средни училишта имаат сопствено обезбедување, не ја гарантира нивната безбедност, истакнува професор Горица Илиоска, поранешен претседател на здружението на директори на средни училишта во Скопје.

„Обезбедувањето на врата е далеку од она што треба да биде, тие не можат да ги прегледуваат сите деца што влегуваат, тие можат да внесат еден нож, оти колку сега има софистицирани ножеви, како може да му го најде? Замислете обезбедувањето да проверува по 1.000 деца во смена.“

Илиоска се согласува дека треба да се посвети поголемо внимание на воспитниот процес. За жал, последните реформи во образованието придонесоа до тоа професорите да не се фокусираат на нивното однесување, туку на тоа каква ќе им биде финалната оценката, признава Илиоска.

„Значи веќе ние го изгубивме авторитетот, родителот го изгуби авторитетот, учениците го знаат ова што ви го кажувам и тие сега се многу послободни, затоа што знаат дека е во наш интерес, не само што немаме време да размислуваме за вашето прашање, туку ние ги оставаме да продолжат така како што се однесуваат, да бидат уште поагресивни.“

Причините за очигледната агресивност кај младите и готовноста да се посегне по оружје, упатените ја лоцираат во социо-економските прилики во земјата, но и во политизираноста на македонското општество.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG